Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти
Македонија

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти

14/03/2024

AA

Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше акција во која е сузбиена организирана криминална група која во периодот од август до ноември 2023 година извршувала кривично дело криумчарење мигранти. Извршени се претреси на пет локации во Скопје и Неготино, при што од слобода се лишени четири лица,  додека за едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица. На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти казниво по член 418-в од Кривичниот законик, а за петмина од нив  постојат основи на сомнение дека сториле и кривично дело Криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик.

Во изминатиот период под раководство на јавен обвинител Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со Одделот за специјални и посебни операции спроведоа координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти. Сознанијата до кои е дојдено во текот на операцијата укажуваат дека четворицата првообвинети заедно со лице од странство организирале криминална група која организирала криумчарење на поголем број мигранти, кои  веќе одреден период престојувале на територијата на Република Србија и Република Грција.  Во договор со лицето од странство, мигрантите кои најмногу биле од Непал и Сирија на територијата на нашата држава биле пренесувани преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија од територијата на Република Грција, а потоа со помош на водичи координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Костејќи ист modus operandi организаторите криумчареле мигранти и во околината на кумановско – липковскиот регион каде од македонска територија мигрантите ги пренесувале на територијата на Република Србија, а од таму членовите на групата ги преземале со патнички и товарни моторни возила и ги превезувале преку илегални премини кон државите на Европската унија.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за петмина осомничени. Останатите осомничени се наоѓаат на издржување на затворски казни  во Казнено – поправните установи Скопје, Идризово, Куманово и Гевгелија за претходно сторени кривични дела.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy