СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија
Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 степен во Берово до 10 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 18 степени во Маврово до 26 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде сончево, со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 25 степени.
Во петок времето ќе биде ведро и студено во утринските часови, а преку ден сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 10 степени, а максималните дневни од 18 до 25 степени.
Во сабота, според прогнозата на УХМР, утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -1 до 9 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 17 до 25 степени.
.
Извор: plusinfo.mk