ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати
Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Акцијата ја спроведуваат припадници на Одделот за организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според МВР, полицијата презема мерки против кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Акцијата сè уште е во тек, а од МВР најавуваат дека повеќе детали за преземените мерки, активностите на полицијата и резултатите ќе бидат соопштени по нејзиното целосно завршување.
ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци
.
Извор: plusinfo.mk