Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува опозиција да се однесува одговорно
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува опозиција да се однесува одговорно

30/09/2026

AA

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за правда да се даде втора шанса на процесот за Изборниот законик, но цени дека голем хенидкеп за овој процес е што една политичка партија го саботира на два начини. Прво, со неучество во разговорите за Изборниот законик и, второ, со поднесени 9.500 амандмани, а на него се работеше четири месеци за да постигнеме одреден консензус – изјави Антонијо Милошоски, претставник во работната група за реформи во изборното законодавство, која денеска имаше консултативна средба во Министерството за правда.

– Сметаме дека би требало и кај СДСМ свеста да биде поголема дека Изборниот законик е нешто што се усогласува со консензус и важи за следните пет, 10, 15 или 20 години. Добро е да учествуваат доколку имаат демократски капацитет, без разлика на внатрешно – политичките состојби со коишто се соочуваат како предизвик – рече Милошоски.

Тој не сакаше да ги коментира внатрешно – политичките состојби во СДСМ, но нагласи дека тие како политичка партија која е застапена во Собранието со 18 пратеници добро е да се присутни на масата и да разговараат за Изборниот законик.

– Немаме проблем да разговараме за Изборниот Законик со кој било, но прашањето е која ни е целта. Ако сакаме да стигнеме до целта за носење на Изборниот Законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, тогаш има голем хендикеп ако на масата не е присутен оној којшто го прави проблемот со поднесени 9500 амандмани. И за волја на вистината амандмани има поднесено и политичката партија Левица, околу 4.500. Исто така сметаме дека и ова кочење со амандмани не е соодветно, затоа што заеднички разговаравме за она што е предлог избран веќе во собраниска процедура – рече Милошоски.

Потсети дека ВМРО-ДПМНЕ го прифати предлогот на ДУИ и Левица за финансирање на политичките партии, додека за гласањето на дијаспората смета дека е уставна обврска на државата да овозможи гласање на секој државјанин без разлика на местото на живеење.

– Во денешно време и со денешната технологија цениме дека ова уставно право дијаспората би требало не само да го искористи, туку и да се олесни со една посовремена методологија да можат во поголем број да го искористат тоа право на глас. И затоа цениме дека би требало ова да биде заедничка обврска, да го реализираме ова уставно право на дијаспората, без разлика дали компромисот ќе биде електронско гласање или гласање по пошта, но во секој случај да биде и сигурно и транспарентно и демократски и да може да го провери секој учесник во изборите – рече Милошоски по средбата во Министерството за правда.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

30/09/2026

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Македонските судови се главно

30/09/2026

  Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy