Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Г.г. Стефан: Македонскиот народ е пиреј – трева што не умира и ништо не ја ништи
Македонија

Г.г. Стефан: Македонскиот народ е пиреј – трева што не умира и ништо не ја ништи

14/03/2024

AA

На денешниот форум „Како да го заштитиме македонскиот идентитет“ организиран од Универзитетот „Скопје“, поглаварот на Македонската православна црква г. г.

Стефан рече дека не е ново негирањето на правото на постоење и одземањето на историјата и културата затоа што народот и црквата, рече, одамна се научени на тоа.

-Но, нов елемент и далеку позастрашувачко е тоа што во последниов период не само што сме негирани однадвор, туку самите се самонегираме, самоодрекувајќи се од столбовите на нашиот идентитет.

Тажно е кога волкот ќе ги нападне овците, но уште пострашно и потажно е кога нив ќе ги нападне шарпланинецот, кога ќе се оволчи оној чија улога е да ги заштитува паствата од волците.

И тажно беше кога однадвор други не негираа застапувајќи ги своите интереси, но неспоредливо потажно е кога самите однатре се негираме застапувајќи туѓи интереси како свои, рече  архиепископот додавајќи дека има „некои Македонци со антимакедонски постапки“ кои или за лична корист или во служба на туѓи интереси се подготвени и волни да отстапуваат од македонската историја и македонскиот јазик.

Порача дека се излажале „главните идеолози на таквите обиди на кои нашите им слугуваат“  кои мислат  дека нашиот идентитет е како кула од карти која ќе се урне ако се повлече една, затоа што, рече, македонскиот народ е пиреј – трева што не умира и ништо не ја ништи.

Според него, само одржувајќи го христијанскиот идентитет, македонскиот народ ќе го зачува „македонскиот, библиски, јазичен, културен и историски идентитет“.

-Уште Стариот завет нѐ учи да ги почитуваме нашите татковци и мајки и ако ја почитуваме таа заповед тогаш треба да ги почитуваме нашите прадедовци и прабаби по род кои се вложија во градењето на нашата историја и култура, нашата Црква и држава.

Доколку останеме верни на прадедовската вера, доколку останеме облечени во Христа тогаш ќе градиме и општество на здрави луѓе кои ќе имаат љубов и одговорност кон својата татковина и кон својот народ.

Така меѓу нас ќе нема веќе „кафеави сахиби“ и оволчени шарпланинци, личности кои почитувајќи ги туѓата историја, јазик, вера и култура, по никаква цена не ќе ги раздаваат и продаваат своите.

За оние коишто тоа досега го правеле, го просиме Бога да им прости оти не знаат што прават, рече г. г. Стефан.

Амбасадорот Марјан Ѓорчев за медиумите изјави дека форумот се организира во пресудни моменти за нашата татковина „во време кога треба да ја сочуваме унитарноста и државноста, во време кога треба да ја промовираме древноста и вековноста на историско-географскиот простор Македонија“.

Според него, почнувајќи од 1993 и од, како што рече, „фамозното попуштање под притисокот на Грција“, потоа Привремената спогодба во 1995 и откажувањето од државното знаме, непочитувањето на пресудата на Судот на правдата во Хаг во 2011, откажувањето во член 49 од македонското малцинство „покажавме огромно без’рбетништво и непочитување на она што македонскиот народ ни го порачуваше низ овие три децении“.

-Ако не попуштевме, ќе се најдевме на истото место каде што сме денес. Само ќе бевме погорди, подостоинствени и со поголема перспектива за нашата македонска иднина.

Тоа е пораката – сите сплотени, заедно, единствено да покажеме дека имаме што да чуваме, имаме што да браниме и имаме што да надградиме на овој наш историско-географски македонски простор каде што е формирана македонска држава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy