Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судството со заеднички одговор до Премиерот: Вашите коментари се неаргументирани напади и ја рушат независноста
Македонија

Судството со заеднички одговор до Премиерот: Вашите коментари се неаргументирани напади и ја рушат независноста

14/11/2025

AA

Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии денеска преку заедничко соопштение упатија остра реакција до Премиерот, обвинувајќи го дека неговите коментари за судството „веќе подолго време ја преминуваат границата на доброто однесување“ и прераснуваат во „неаргументирани и паушални напади“.

Во писмото адресирано до „Господине Премиер“, врвот на судската власт порачува дека неаргументираната критика има за цел „севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судовите“, наместо да се понудат конкретни решенија за проблемите.

Судовите не се трошок, туку полначи на буџетот

Трите институции остро ги отфрлија перцепциите за финансискиот товар на судството врз државата.

„Судскиот систем никогаш не генерирал долгови, па оттаму нејасно е каква е поврзаноста на судството со државниот долг од 2 милијарди евра“, се наведува во реакцијата.

Напротив, тие тврдат дека судовите се тие кои ја полнат државната каса.

„Сосема спротивно, токму судовите, преку наплата на паушали и парични казни, со години наназад ја полнат државната каса, а за возврат не добиваат никаков поврат од Буџетот, во смисла на нови вработувања, дигитализација на услугите, опремување на судниците и сл.“, стои во соопштението.

„Извршната власт ја поткопува независноста“

Повикувајќи се на последниот извештај на Европската комисија (ЕК), од судството велат дека токму во тој документ е нагласено оти најголемиот проблем е „поткопана од постојаното мешање на извршната и законодавната власт“.

Како дополнителен клучен проблем, тие ја цитираат и финансиската зависност од државниот буџет. „Ова се проблеми кои државата мора да ги поправи, бидејќи истите се суштински за Европската перспектива на земјата“, порачуваат судиите.

На крајот, судските власти го потсетуваат Премиерот дека со неговите коментари се нарушува уставниот принцип на рамноправност на трите власти – судска, законодавна и извршна.

„Судската власт е уставна категорија, а Уставот и независноста на судската власт треба да се почитуваат“, заклучуваат во соопштението Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не

03/03/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОАЕ Амбасадата во Абу Даби

03/03/2026
Македонија

ИЗРАЕЛ Е БЛОКИРАН, МАКЕДОНИЈА ВО СРЦАТА: Рашел Шели Леви-Драмер за

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42205
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk изјави дека е прерано да се

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за институциите

03/03/2026

Владата денеска одржа работна средба посветена на реформската агенда, при што премиерот Христијан Мицкоски најави конкретни чекори за јакнење на

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија ја чека нов бран на

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за „Ноќно студио“ на 4TV.mk направи паралела меѓу војната во Украина и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy