Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судскиот совет формираше работна група за случајот „Марковски“
Македонија

Судскиот совет формираше работна група за случајот „Марковски“

28/01/2026

AA

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за формирање работна група која ќе изврши вонреден увид во постапувањето на Основниот суд Битола. Фокусот на проверката е одлуката со која му беше укинат притворот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, во замена за гаранција од 4,9 милиони евра.

На предлог на членот Ивица Николовски, Советот со 11 гласа „за“ даде зелено светло за работната група. Целта е да се утврди дали судот постапил во рамките на своите законски надлежности при прифаќањето на рекордната гаранција.

„Сведоци сме на секојдневни написи во медиумите во кои се осудува постапувањето на овој суд, со што се нарушува неговиот углед. Како институција надлежна за следење на работата на судовите, сметам дека мора да извршиме увид и да ја констатираме фактичката состојба“, изјави Ивица Николовски.

За членови на работната група се избрани:

Борче Марковски е еден од осумте обвинети во истрагата за злоупотреби при тендерот за дислокација на погонски единици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“, проект вреден 1,7 милиони евра.

ОЈО Битола отвори истрага против осум физички и едно правно лице за кривични дела поврзани со јавни набавки. На барање на обвинителството, судот замрзна имот на Марковски во Македонија и Србија. По жалба на обвинетиот, Битолскиот суд го укина притворот и одреди мерки за претпазливост со гаранција во движен и недвижен имот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
Македонија

Претреси во Куманово: Уапсени три лица, пронајдени дрога и нелегален

28/07/2026
Македонија

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност за необезбедената делница

28/07/2026
Македонија

По загадувањето на водата, ризик од хепатитис и жолтица: Гостивар

28/07/2026
Македонија

Македонските возачки дозволи проблем во Италија: Туристите не можат да

28/07/2026
Македонија

Туризмот бележи раст од 40 отсто – Мицкоски ги посочи

28/07/2026
Македонија

69-годишен маж од Штип почина во болница, ќе се врши

28/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се смирува, но останува засилен здравствен надзор

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44716
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по епидемијата со водата

28/07/2026

ЈП „Комуналец“ од Гостивар доби ново раководство откако за вршител на должност директор е назначен Алмир Даути. Тој ќе ја

Претреси во Куманово: Уапсени три лица, пронајдени дрога и нелегален пиштол

28/07/2026

Три лица се приведени во одделни полициски акции во Куманово, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени дрога и

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност за необезбедената делница

28/07/2026

Семејствата на тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа кај граничниот премин Блаце бараат целосно расчистување на случајот и утврдување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy