Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судска медицина: Јаглероден моноксид главна причина за смртта на жртвите во дискотеката „Пулс“
Македонија

Судска медицина: Јаглероден моноксид главна причина за смртта на жртвите во дискотеката „Пулс“

04/05/2026

AA

На денешното судско рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, ги презентираше наодите од обдукциите и токсиколошките анализи поврзани со смртта на 63-те жртви од настанот на 16 март 2025 година.

Станков истакна дека кај најголем дел од жртвите, односно кај 59 лица, е утврдено насилно задушување како резултат на комбинирано дејство на труење со јаглероден моноксид, амбиентална и компресивна асфикција, како и термички оштетувања на дишните органи.

Кај преостанатите четири жртви, според наодите, смртта настапила како последица на тешки изгореници и сериозно оштетување на белите дробови.

Директорот појасни дека јаглеродниот моноксид претставува доминантен токсичен фактор при пожари во затворени простории, бидејќи брзо го исполнува просторот и го блокира преносот на кислород во организмот. Дополнително, присуството на други гасови и фактори, како водороден цијанид, чад и висока температура, придонесува за влошување на состојбата, но не се смета за примарна причина за смртта.

Според презентираните резултати, кај 33 жртви е утврдено присуство на цијаниди, кај 49 е регистриран алкохол, кај осум лица дрога, а кај четири седативи или антидепресиви. Сепак, Станков нагласи дека овие супстанции имале споредна улога во однос на труењето со јаглероден моноксид.

Тој додаде дека кај дел од жртвите концентрацијата на карбокси-хемоглобин во крвта надминувала 40 проценти, што укажува на тешко и фатално труење.

Во своето сведочење, вештакот нагласи дека не може да се издвојува само еден фактор на смрт, бидејќи станува збор за комплексна комбинација на гасови, недостаток на кислород, високи температури и механички притисок во услови на паника.

Дополнително беше појаснето дека дел од токсиколошките анализи биле доставени подоцна поради потребното време за нивна обработка, особено за испитување на цијанидите.

Судењето се однесува на пожарот што избувна за време на концерт во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ „Ниту една повеќе“ во

25/11/2026
Македонија

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат

24/11/2026
Македонија

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ

24/11/2026
Македонија

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ

24/11/2026
Македонија

ПО 104 ПРИЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КРАВИТЕ, НОВ ИНЦИДЕНТ СО

24/11/2026
Македонија

БУЏЕТОТ ЗА 2027 НОСИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Бојковска најави

24/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ ОТКРИ ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИТНАТА ПОМОШ Нов центар,

24/11/2026
Македонија

СО ПАРАМЕДИЦИ ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА КАДРОВСКАТА ПРАЗНИНА ВО ИТНАТА ПОМОШ

24/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46915
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ „Ниту една повеќе“ во паркот „Жена борец“

25/11/2026

Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојќињата, организира протест во паркот

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат до минус 8, а потоа

24/11/2026

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ Конески ги образложи мерките

24/11/2026

Три мерки за поддршка на младите, меѓу кои 20 отсто поевтини станови за млади брачни парови до 35 години, ослободување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy