Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СУДИЈАТА РИСТОВ ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР И ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ Судот го прифати барањето на Обвинителството
Македонија

СУДИЈАТА РИСТОВ ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР И ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ Судот го прифати барањето на Обвинителството

21/01/2026

AA

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое на осомничениот апелацискиот судија Ѓ.Р. му се определува мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка за обезбедување присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против Ѓ.Р. , по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на ОЈО се прифаќа и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Со оглед на тоа што осомничениот е апелациски судија и се товари за кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 став 1 и „противправно стекнување и прикривање имот“ по член 359 – а став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, Судот претходно го доставил предлогот до надлежниот Судски совет на Република Северна Македонија, кој одлучувал за одземање на судискиот имунитет. По добиената согласност од Судскиот совет, Судот го прифатил предлогот на ОЈО ГОКК.

Против ова решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy