Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 350.000 ЕВРА Е ГОЛЕМА СУМА И ЗА БИЗНИСМЕН, А КАМО ЛИ ЗА СУДИЈА Министерот Тошковски порача дека нема да се толерираат корумпирани јавни функционери
Македонија

350.000 ЕВРА Е ГОЛЕМА СУМА И ЗА БИЗНИСМЕН, А КАМО ЛИ ЗА СУДИЈА Министерот Тошковски порача дека нема да се толерираат корумпирани јавни функционери

21/01/2026

AA

Државата конечно покажува дека во координирана и професионална соработка меѓу институциите кои се грижат за безбедноста на државата, од типот на МВР, АНБ, Јавното обвинителство, кое е клучен фактор во рамки на целокупниот процес, во конкретниот случај ОЈО за ГОКК доколку се сака се може. Покажа дека повеќе во Македонија не може да се дозволи ваков тип на носители на јавни функции да можат да продолжат да функционираат на позициите кои народот практично им ги доверил, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за случајот со апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако во домот на неговите родителите во Неготино полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.

Во кординирана акција, рече Тошковски во тема на денот во вестите на ТВ Сител, можат да се дадат резултати какви што очекуваат македонските граѓани.

Тој истакна дека во овој момент не може да соопштува повеќе детали од тие што се соопштени во јавноста.

– И Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство споделија информации во јавноста кои што сметаа дека треба да бидат споделени. Сепак станува збор за истражна постапка која како таква согласно одлука на ЈО понатака ќе продолжи во наредна фаза. Но, факт е дека 350 илјади евра во дом на носител на функција судија е навистина значителна сума на финансиски средства која е ретко кој бизнисмен или граѓанин да си ја дозволи, а камоли носител на јавна фунција, рече министерот за внатрешни работи.

На прашањето дали со оглед на тоа што кривичната пријава е за „противправно стекнување и прикривање на имот и перење пари и други приноси од казниво дело“ тоа значи дека до овој момент не може да се знае дали овие пари се од поткуп поврзани со конкретни случаи на кои работел овој судија, Тошковски истакна дека тоа треба да го покаже натамошната постапка и оти не може да соопшти никакви детали.

Тој истакна дека е задоволен што перцепцијата на граѓаните во однос на работата на МВР поврзана со борба против корупција е порасната за двоцифрена бројка, и тоа, како што рече, се должи исклучиво само на работата на МВР во изминатите година и пол – две.

Министерот соопшти дека согласно статистиката за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за 2023-та, 2024-та и 2025-та година, во 23-та имало 126 кривични дела, во 2024-та година 206 кривични дела од оваа област, а во 2025-та година 290 откриени кривични дела, што, истакна, е пораст за околу 130 отсто, бројки кои, како што вели апсолутно се во насока на она што е перцепција на граѓаните, а тоа е дека МВР и тоа како се бори против оние кои се поврзани со коруптивни кривични дела.

-Број на сторители 185, во 2023 година, 363 во 2024-та и 678 сторители поврзани со коруптивни кривични дела се откриени во 2025 година. Ова се кривични дела кои се сторувани од 2021 навака но се откриени во 2025 година и за нив е поднесена кривична пријава, вели министерот за внатрешни работи.

Тошковски потенцира дека бројките во делот на штетата на буџетот на државата се најфрапантни и притоа информира дека во 2023 година вупната сума за која биле поднесени кривични пријави била 5,7 милиони евра, во 2024 година за 24 милиони евра, а во 2025 година за 380 милиони евра. Ова, нагласува тој, е за околу 66 пати повеќе компарирано со 2023 година.

Од овие бројки и статистики, според него, може да се види работата не само на МВР туку и на сите институции кои се поврзани со откривање ваков тип криминал, како што е и АНБ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија оди на Светско: Ракометарите по десетти пат меѓу најдобрите

17/05/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството

17/05/2026
Македонија

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

17/05/2026
Македонија

Под слоганот „Сите нека знаат“, на 20 јуни ќе се

17/05/2026
Македонија

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило – петмина возеле

17/05/2026
Македонија

Вработен во маркет во Центар го истепал колегата!

17/05/2026
Македонија

Битолчанец со возило удрил во сограѓанка, па излегол и ја

17/05/2026
Македонија

Се трага по државјани на Бангладеш кои работеле во Тетово

17/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43321
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија оди на Светско: Ракометарите по десетти пат меѓу најдобрите во светот

17/05/2026

Македонската репрезентација обезбеди пласман на СП 2027 Македонската ракометна репрезентација повторно ја израдува нацијата. Избраниците на селекторот Кире Лазаров изборија

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството кај Сарај

17/05/2026

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство

Четири пријави за семејно насилство, 2 лица приведени!

17/05/2026

На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy