Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува на 21 февруари
Македонија

Судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува на 21 февруари

14/02/2025

AA

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со изведување на материјални докази од страна на Јавното обвинителство.

Изведените докази вклучуваа предмети собрани од местото на настаните, како и извештаи од техничката обработка на возилото „Рено Кангу“. Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска посочи дека меѓу доказите има работни ракавици и отпушоци од цигари пронајдени во пластична чаша во подрумските простории на улицата „Наум Наумовски Борче“.

Понатаму, при увидот во возилото „Ренџ Ровер“ на 5 декември 2023 година, биле пронајдени јакна што, според обвинението, ја носел Влатко Кешишов, како и вреќа во која бил закопан Панче Жежовски.

– Лопатата и другите предмети, како и повеќе црни вреќи со лични предмети, се подигнати од местото каде што е пронајдено телото на Вања, додаде обвинителката.

Кај обвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, при претрес, биле пронајдени различни документи и комуникации на социјалните мрежи. Обвинителството изнесе докази за инстант пораки на „WhatsApp“, „Facebook“ и „Instagram“, како и комуникација со лице во Москва на 1 декември 2023 година, во која обвинетиот најавува дека на 5 декември ќе пристигне таму и бара превоз од аеродром.

Како дел од доказната постапка беше презентиран и вешт наод од психијатарот Александар Марцикиќ за обвинетиот Палевски, како и потврда дека тој е претходно осудуван.

Обвинителството предложи изведување на шест ЦД дискови со снимки од безбедносни камери поставени во куќата на обвинетиот Велибор Манев, кои опфаќаат период од 20 ноември до 3 декември 2023 година. Според обвинителката, снимките прикажуваат активности поврзани со убиството на Панче Жежовски.

Одбраната на Палевски се спротивстави на изведувањето на овие докази, тврдејќи дека не се наведени во официјалната листа, па побара дополнително време за увид. Поради тоа, судот го одложи рочиштето за 21 февруари.

На почетокот од денешното судење, Љупчо Палевски побара изземање на обвинителите Жаклина Крстевска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски, обвинувајќи ги за пристрасност и злоупотреба на функцијата.

Во случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, кои пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да изнудат откуп од нејзиното семејство. Панче Жежовски бил киднапиран во Велес со цел да биде принуден да го предаде своето возило „Цитроен“, кое обвинетите планирале да го користат за грабнувањето.

Телата на Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати во ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изгаснат пожарот во охридското село Рамне, интервенираа 12 пожарникари

15/07/2026
Македонија

Не очекува екстремно жешка седмица, температурите ќе достигнат и до

15/07/2026
Македонија

Апел за будност: Забележана мечка над охридското село Горно Коњско

15/07/2026
Македонија

Голем пожар кај магацините во Охрид, огнот се шири кон

15/07/2026
Македонија

Мицкоски: Бараме формула за поевтинување на струјата од јануари

15/07/2026
Македонија

Повторно се разгоре пожарот кај Бајково: „Ер-трактори“ и бројни екипи

15/07/2026
Македонија

Драматично спасување кај Матка: Водата однесе два малолетника и едно

15/07/2026
Македонија

Полицијата му одзема шест возила и недвижен имот на бегалецот

15/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изгаснат пожарот во охридското село Рамне, интервенираа 12 пожарникари

15/07/2026

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид информира дека пожарот што избувна во селото Рамне е целосно изгаснат. Противпожарните екипи дејствувале брзо

Не очекува екстремно жешка седмица, температурите ќе достигнат и до 39°C

15/07/2026

Пред нас е период на претежно облачно, но исклучително спарно и топло време. Според најновите метеоролошки податоци за следните седум

Апел за будност: Забележана мечка над охридското село Горно Коњско

15/07/2026

Јавната установа Национален парк „Галичица“ упати итен апел за зголемена претпазливост до локалното население, планинарите и туристите, откако денеска во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy