Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Палевски обвинува дека телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје
Македонија

Палевски обвинува дека телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје

14/02/2025

AA

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска со презентирање на докази од обвинението. Обвинителството истакна дека на одбраната ѝ било доставено фотодокументација во печатена форма, која претходно ја поседувале само во електронска верзија.

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо побара да бидат прикажани два доказа. Првиот се однесува на настан од 29 ноември 2023 година во Велес, спомнат во сведочењето на началникот Ристе Самарџиев, кој вклучува материјал од бензинската пумпа „Макпетрол“ на улицата Димитар Влахов.

Палевски, исто така, побара од Основниот суд Велес да обезбеди видеоматеријал и од бензинската пумпа „Лукоил“ на истата улица, доказ спомнат во сведочењето на Музафер Каришиќ, кој е поврзан со исказот на обвинетиот Влатко Кешишев.

Судијата Ивица Стефановски го информираше Палевски дека на рочиштето можат да бидат изведувани само доказите предложени од Обвинителството.

– Барам изземање на тројца јавни обвинители, согласно член 33 став 2, за пристрасност. Му предочувам на Судот овојпат друга околност, повторно злоупотреба на јавнообвинителски овластувања. Барам изземање на Гаврил Бубевски, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојкова Димитриевска. Бубевски на минатото барање одлучуваше самиот за себе. Барам да се одлучува по закон. Причини за моето барање за изземање се фалсификување податоци за да можат да изработат фалсификуван доказ, телефонска анализа од 13.05.2024 година, со цел нивниот сведок Ерол Османи под заклетва пред Судот да лаже, изнесувајќи невистинити факти. Потписник и бришач на доказите е истражителот Златко Никовски. Анализата е без денот 28.11.2023, за да може сведокот Ерол Османи комотно да лаже – рече Палевски.

Тој рече дека имало 6 фалсификувани докази.

– Прв доказ е извештај од комуникации на мојот мобилен и базните станици за периодот од 10.11.2023 до 10.12.2023. Во овој извештај на страна 36 каде се податоците за базни станици за критичното време, на денот кога е убиен Панче Жежовски, полињата за податоци за базни станици се празни. Во истиот извештај на Телеком, на страна 39 има податоци за 28.11.2023. Од 11 до 23 часат нема податоци за базни станици, тие полиња се празни. Постои комуникација, но со празно поле за податоци за базни станици, поточно, каде е телефонот во моментот на таа комуникација? Ова се докази на ОЈО Скопје. Доказ број 3 е на Одделението за криминална анализа која изготвила 35 табели во кои податоците од Телеком се систематизирани и на 11.03.2024 се доставени до ОЈО Скопје. Една табела на Единицата за криминалистичко разузнавање, со ознака Прилог 21, број 076606… кој го користела Вања, и сите базни станици и комуникации во периодот од последните 3 месеци. Десетина страни со над 2.800 податоци. Доказ број 4, табела од Единицата за криминалистичко разузнавање, за телефонот, 071411…, на Палевски, која има една страна, со празни полиња и 0 податоци за телефонот на Палевски. Зошто за овој број се бришени и манипулирани податоци, зошто мојот телефон е проблем на ОЈО? – праша Палевски.

Тој наведе дека Ерол Османи сведочел дека сервисот на неговиот котел Палевски не го правел на 22.11.2023, туку на 28.11.2023 година, ден кој не е заведен во телефонската анализа.

– Сведочеше дека на 28.11.2023 сум му пратил порака „Подобар сум, доаѓам“, па изјави дека за 30-40 минути сум пристигнал во неговиот дом, во 12.20 часот. Одговори дека сервисот траел еден час. Телефонската анализа е правена во мај 2024, и ја има во обвинителниот акт од 31 мај 2024 и не предвиделе дека по мојата екстрадиција ќе го отклучам мојот телефон за да биде вештачен. Вештачењето е правено во дигитална форензика во јули 2024. Го предлагам доказот број 5, слика број 3092, комуникација со Зоран Кицевски Сиднеј Австралија, во 12 часот на 28.11.2023, токму во времето кога според сведокот Османи возам кон Бутел. Има пораки за Зора да се вклучи во поткастот. Има комуникација и со Јордан Бопков, кој на 28.11.2023 во 12 ми ѕвони на Телеграм, имам пропуштен повик, и јас во 12.30 му праќам порака, во живо сум. Во 12.40 добивам порака „Палчо, твојот глас послабо се слуша од гласот на Зоран“. Зошто се бришени и манипулирани моите базни станици на 28.11.2023, после поткастот? Во тој момент во 14 часот јас сум во насока кон Автокоманда, во сообраќајна гужва. Потоа има комуникација со мојата ќерка, дека во 14.45, после поткастот, праќам порака, „Доцнам 5 минути“ и одговор „Нема гајле, само пиши кога ќе бидеш доле“. За оваа комуникација користам 5Г интернет – рече Палевски кој тврди дека оваа комуникација ја нема во извештајот.

Тој вели дека откако се вратил со ќерка си, бил во штабот. Палевски понуди докази дека се подготвувал за вториот поткаст во истиот ден и скриншот, слика дека поткастот во живо го гледаат неколку стотици лица.

– Телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје. За сведокот да сведочи дека сервисот не е правен на 22.11, туку на 28.11, морало да се избришат сите комуникации од базните станици, морало да се изземат тие податоци за двата дена, 22.11 и 28.11.2023. Секој кој е заинтересиран може да утврди дека на Јутјуб каналот Трета политика, од 12 до 14 часот, за кој сведочеше Османи дека поправам котел, јас сум бил во живо – рече Палевски.

Според доказите кои ги презентираше обвинителката, планот на Палевски бил од Турција, преку Белорусија, да замине за Русија. На 2 декември додека е Палевски во Турција му се јавува на домакинот Хусеин и му вели резервирав лет за Минск, Белорусија. На 5 декември додека сѐ уште е во Турција му праќа вибер порака на извесен Драган, во која му вели дека ќе доаѓа во Москва, и бара да му обезбеди превоз од Аеродром.

Претходно, на 27 ноември, денот на киднапирање на Вања, во 8 часот и 3 минути Палчо ѕвони на турски број и повикот трае 9 секунди. Првиот повик на истиот ден го има во 10 часот и 45 минути, кога извсен Геге му се јавува и го вика на кафе, на што Палевски одговара дека не може, многу е уморен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Четири лица загинаа во страотна несреќа на скопската обиколница

22/05/2026
Македонија

Мечка снимена како трча кај Градскиот парк во Битола, граѓаните

21/05/2026
Македонија

Андоновски: Наскоро стартува државна „суперапликација“ со дигитална лична карта и

21/05/2026
Македонија

ХАОС ВО ЗДРАВСТВОТО: Вработени ја тужат државата, хирурзи со плати

21/05/2026
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА: Андоновски признава дека понекогаш греши

21/05/2026
Македонија

Андоновски: Македонија гради „дигитален автопат“ меѓу институциите

21/05/2026
Македонија

АНДОНОВСКИ СТАВА КРАЈ НА ХАОСOT: Државни податоци се чувале во

21/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со командантот на Здружената команда на сојузничките

21/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43395
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Четири лица загинаа во страотна несреќа на скопската обиколница

22/05/2026

Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница однесе четири животи, откако камион со косовски регистарски таблички преминал во спротивната лента и

Мечка снимена како трча кај Градскиот парк во Битола, граѓаните вознемирени

21/05/2026

Мечка била снимена како трча по улицата „Македонска фаланга“ во близина на Градскиот парк во, а видеото брзо се прошири

Андоновски: Наскоро стартува државна „суперапликација“ со дигитална лична карта и возачка дозвола

21/05/2026

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ најави дека државата е во завршна фаза на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy