Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТУДЕНА ИЛИ БЛАГА ЗИМА: Српски метеоролог забележува тренд кој не е толку добар
Регион

СТУДЕНА ИЛИ БЛАГА ЗИМА: Српски метеоролог забележува тренд кој не е толку добар

09/09/2024

AA

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ за НИН изјави дека кон крајот на следната недела може да се очекува студено време кое може да влијае на температурите во зимскиот период. 

Но, додава дека дури во октомври ќе може попрецизно да каже каква зима се очекува. 

„Постојат истражувања на кои работи научникот Александар Баљаревиќ, кој е географ и според неговиот модел, се очекува да биде постудена, со снежни врнежи. Но, тоа ќе го знаеме дури во октомври“, вели Ристиќ.

Глобалното затоплување доведе до фактот дека, од година во година, летата стануваат подолги и пожешки. Ова се однесува и за Балканот. Ристиќ објасни дека може да се забележи тренд кој, „не е толку добар“ и дека во последните 14 до 15 месеци бележиме рекордно високи температури на целиот Балкан.

„Доколку продолжи овој тренд на вакви топли месеци, кој трае последните 15 месеци, може да се очекува дека и оваа зима ќе биде рекордно топла. Меѓутоа, сега со ова заладување во септември не е невозможно сепак да има некои промени во циркулацијата на планетата Земја и оваа зима да биде малку постудена“, вели метеорологот.

Најтоплото лето во историјата е зад нас според податоците на Европската служба за климатски промени Коперник. 

foto freepik.com/farzabd

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

05/08/2026
Македонија

Тешка сообраќајка пред Битола, верижен судир на 4 возила, 8

05/08/2026
Македонија

Ниските водостои во Европа не ја загрозуваат македонската струја, акумулациите

05/08/2026
Македонија

Критичните минерали стануваат прашање на безбедност – дали Македонија ќе

05/08/2026
Македонија

Силен раст на продажбата на новоградби, Аеродром предничи со најмногу

05/08/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ: Топлотниот бран ја зафати целата земја,

05/08/2026
Македонија

Внимателно со подигнувањето готовина на банкомати во странство!

05/08/2026
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44861
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

05/08/2026

Утрово во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината И.Т.(53) од Република

Тешка сообраќајка пред Битола, верижен судир на 4 возила, 8 лица хоспитализирани!

05/08/2026

Тешка сообраќајна несреќа утрово го блокираше магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во

Ниските водостои во Европа не ја загрозуваат македонската струја, акумулациите се на 70%

05/08/2026

Електроенергетскиот систем во Македонија е во потполност стабилен и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои на големите европски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy