Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРАВ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Јануари 2024 година – Најтопол некогаш забележан
Македонија

СТРАВ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Јануари 2024 година – Најтопол некогаш забележан

17/02/2024

AA

ПЛАНЕТА продолжува да руши рекорди. Јануари 2024 година беше глобално најтоплиот прв месец од годината досега.

Ова е осми месец по ред кој соборува рекорди, додека температурите на површината на морето се рекордно високи десет месеци последователни, се вели во извештајот на Светската метеоролошка организација.

Просечната месечна температура на воздухот во јануари била во просек за 1,66 степени Целзиусови повисока од референтниот јануарски просек од крајот на 19 век – прединдустрискиот период.

Температурата била 0,7 степени Целзиусови над јануарскиот просек од 1991 до 2020 година и 0,12 степени Целзиусови над претходниот најтопол јануари во 2020 година, според Службата за климатски промени Коперник.

Ова не значи дека светот ја надмина целта на пониско ниво од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриската ера спомената во Парискиот договор за климатски промени. Парискиот договор се однесува на долгорочно затоплување во текот на многу години, а не на месечни или годишни ексцеси.

Ел Нињо почна да слабее во екваторијалниот Пацифик, но температурите на воздухот над морето останаа невообичаено високи.

Просечната глобална температура на површината на морето за јануари достигна 20,97 степени Целзиусови, што е за 0,26 степени Целзиусови потопло од претходниот најтопол јануари во 2016 година.

Светската метеоролошка организација (СМО) веќе потврди дека 2023 година била убедливо најтоплата година досега поради климатските промени предизвикани од човекот и затоплувањето како резултат на Ел Нињо.

Конечниот извештај на WMO за состојбата на глобалната клима за 2023 година ќе биде објавен на Светскиот ден на метеорологијата на 23 март 2024 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy