Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Страшна снимка од ерупција на вулкан во Јапонија: Паника меѓу луѓето во моментот кога почнал да издува чад
Македонија

Страшна снимка од ерупција на вулкан во Јапонија: Паника меѓу луѓето во моментот кога почнал да издува чад

05/04/2025

AA

Во саботата наутро дошло до ерупција на вулканот Сакураџима, еден од најактивните вулкани во Јапонија, кој се наоѓа на југот на островот Кјушу. Ерупцијата е снимена рано утринава по европско време, а набргу потоа на социјалните мрежи се појавија импресивна снимка од експлозијата и облакот од пепел, вклучувајќи ја и платформата Х (поранешен Твитер), каде привлекоа големо внимание кај корисниците ширум светот.

Во 15:24 часот. по локално време, се случи експлозија во кратерот Минамидаке, на врвот на Сакураџима, а колоната од пепел се искачи на висина од 2.600 метри. Според податоците на локалната метеоролошка опсерваторија во Кагошима, количината на вулкански чад била прилично голема, но немало расфрлани вулкански блокови, што значи дека не е регистриран материјал кој би можел да претставува непосредна закана за околните населби, пренесува Yahoo.

Како што можете да слушнете на видеото, луѓето почнале да викаат и се слушнало дека се во страв, а имало и такви кои извикувале „Боже мој“.

Ова е веќе 54-та експлозија на Сакураџима од почетокот на годината, што потврдува дека вулканот останува исклучително активен. Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) го одржува нивото на предупредување од 3, што значи ограничен пристап до планината и повикува на претпазливост за локалното население и посетителите.

Вулканот Сакураџима се наоѓа во вулканскиот систем Аира калдера и е познат по својата речиси постојана активност. Во последните децении, годишно се регистрираат стотици помали ерупции. Надлежните продолжуваат будно да ја следат состојбата, а граѓаните се повикуваат да ги следат официјалните најави и да не преземаат непотребни ризици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46771
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy