Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРАНЦИТЕ „ПОЛУДЕЛЕ“ ПО МАКЕДОНСКОТО ВИНО, АМА „НЕ ГО ДАВААТ“ И НАШИТЕ – како „Тиквеш“ направи приход од 22 и пол милиони евра
Економија

СТРАНЦИТЕ „ПОЛУДЕЛЕ“ ПО МАКЕДОНСКОТО ВИНО, АМА „НЕ ГО ДАВААТ“ И НАШИТЕ – како „Тиквеш“ направи приход од 22 и пол милиони евра

03/08/2023

AA

Винарската визба Тиквеш држи
лекции за тоа како успешно се работи. Во првото полугодие од годинава
компанијата предводена од Светозар Јаневски оствари чист профит од 1,67 милиони
евра, што е зголемување за 206 проценти или за повеќе од три пати во однос на
истиот период лани.

Популарната винарија го објави
својот финансиски извештај преку Берзата, а од него може да се види дека приходите
од продажба на вино кои ги оствари компанијата се зголемени значајно, и тие
всушност го сочинуваат убедливо најголемиот дел од приходната страна на
компанијата. 

Да одиме со ред. Вкупните приходи
остварени од продажбата во првите шест месеци од годинава изнесувале 22,5 милиони евра, и кај нив во однос на истиот период лани е забележано
зголемување за 17 проценти.

Она што може да се забележи од
Билансот на успех и што треба да се истакне е дека „Тиквеш“ продал повеќе од
своето вино на странскиот пазар, отколку на домашниот, иако приходите од
продажба на домашниот пазар имаат повисок раст.

Или, во првото полугодие од
годинава, на странскиот пазар е продадено вино во вредност од 12,5 милиони
евра, и таму има зголемување за 14 отсто, додека, пак, на домашниот пазар се
остварени приходи од продажба на сума од 10 милиони евра, сосема одлична
бројка, и кај неа порастот е за 20 проценти во однос на истиорт период лани.

Како што објавија и од самата
компанија во своето образложение на финансискиот резултат, вкупните приходи
забележале зголемување за 17 отсто во
однос на истиот период од минатата година, а трошоците на
продадени производи зголемување за 18 проценти, при што се остварила бруто добивка на износ од 437,3
милиониденари, односно 7,1
милиони евра.

„Административните трошоци  бележат зголемување за 19 отсто, а
трошоците за продажба и маркетинг за 26 отсто. Со оптимизација на останатите оперативни расходи и
зголемени останати оперативни приходи за 26 милиони денари, остварена е оперативната добивка на износ
од 132,7 милиони денари ( 2,15 милиони евра н.з.), и нето добивката пред оданочување на
износ од 119,5милиони денари
(1,93 милиони евра -.н.з.), што претставува зголемување за 163 отстпо во однос
на истиот период од минатата година“, се вели во образложението од компанијата.

Од „Тиквеш“ уште и информираат дека
во првата половина од 2023 година се
оствариле вложувања во материјални средства од 107 милиони денари или 1,74
милиони евра.

Се додава и дека промени во
кредитните задолжувања, односно намалувања или зголемување поголеми од 30 отсто
споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи, не биле
остварени.

Инаку, на средината на јуни објавивме дека Светозар Јаневски, кој всушност е и доминантен сопственик, во идниот период ќе ја раководи и менаџира винарската визба „Тиквеш“. 

Практично, Јаневски ќе ја застапува „Тиквеш“ во односите со трети лица, а тоа ќе се случува се до изборот на нов генерален директор на компанијата.

Инаку, ова следува откако директорската позиција во винарската визба „Тиквеш“ ја напушти Радош Вукиќевиќ, за што веќе извести Фактор.

„По дадено мислење согласност и одобрение на Надзорниот Одбор, се овластува членот и претседателот на Управниот Одбор Светозар Јаневски, во односите со трети лица, да го застапува и претставува Тиквеш Кавадарци. Овластениот член на Управниот Одбор за застапување на друштвото го застапува друштвото како овластено лице се до изборот на Генерален директор на АД Винарска визба Тиквеш Кавадарци“, се велеше во тогашната објава која ја испрати компанијата до Македонската берза. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy