Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Столтенберг: НАТО ќе има повеќе од 300.000 војници во висок степен на готовност
Македонија

Столтенберг: НАТО ќе има повеќе од 300.000 војници во висок степен на готовност

16/06/2023

AA

НАТО ќе има повеќе од 300.000 војници во висок степен на готовност, потпомогнати со значителни воздушни и поморски капацитети, за да ја бранат секоја педа од сојузничката територија од каква било закана, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по дводневниот состанок во Брисел на министрите за одбрана на земјите-членки.

Министрите, посочи тој, денеска ги разгледаа нашите нови регионални планови.

„За прв пат од крајот на Студената војна во целост ја поврзуваме нашата колективна одбрана, планирањето на нашите сили, нашите способности и команда и контрола“, рече Столтенберг.

Тој истакна дека министрите на состанокот разговарале за регионалните планови и дека се поблиску до нивно усогласување.

„Иако денеска не се официјално одобрени регионалните планови, очекуваме овие планови да бидат резултат на самитот во Вилнус во јули. Договорот за одбранбениот план не беше постигнат, бидејќи Турција ја блокираше одлуката за формулирање на географски локации, од кои некои се поврзани со Кипар, изјави висок американски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, пренесува Би-Би-Си.

Дипломатот додаде дека се уште постои можност да се најде решение пред самитот на НАТО во средината на јули во Вилнус.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44915
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy