Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски: Криминалот владее во Македонија, никогаш не било полошо
Македонија

Стоилковски: Криминалот владее во Македонија, никогаш не било полошо

03/01/2024

AA

Според СДС и Оливер Спасовски 2023 година е успешна, успешна но само за криминалот.

На прво место, убиства – двојното убиство во Скопје и Велес, што најмногу ја потресоа Македонија, па спектакуларни бегства од затвори, пукање во трговски центри – на два пати повторено, брутална ликвидација во локал под скопско Кале… Ништо од ова не е до крај расчистено.

Годината мина без завршница со криминалниот случај Беса Транс, без вистинска завршница за пожарот во модуларната во Тетово, без завршница за случајот родилка на која и се извадени органи.

2023-та е година во која градоначалникот на Струга е ставен на американската црна листа но тој нема никаккви политичко-правни последици.

Ова е годината во која судијката којашто судеше за пасоши за Мафијаши, јавно порача дека предметот не ја опфатил главата на криминалот.

Во 2023-та ЈО за организиран криминал, Ислам Абази, нема случај за коруптивни скандали за семејството на Али Ахмети и Артан Груби и ја прекина соработката со ДКСК, затоа што била спомната партијата ДУИ!

Нема предмет за скандалот БРОИЛО, нема предмет за Соравија, нема предмет за ништо.

Нема истрага за случајот Лотарија, ниту за поврзаноста на главните актери со министерот Артан Груби.

Јавното обвинителство на сега веќе заминатиот Јовески спроведе истрага за влијанието на Мерко, според наводите на американскиот Стејт департмент, ама во судовите не откри баш ништо!

Ова е година во која повторно најмногу профитираа спонзорите на ДУИ од јавни тендери, ама секако нема предмет.

И секако, 2023-тата ќе заврши без истрага за Онкологија  – за организирано злосторничко здружување со смртни последици, со огромно оштетување на буџетот и криминално коруптивни неказнети врски!

Годината завршува со нереално огромен буџет со криминално коруптивни мерки само и само во изборни цели, за злоупотреби!

Почитувани никогаш не било полошо. Криминалот владее, а Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски и Артан Груби се уште се уште се на власт!

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy