Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски: До денеска не е направена никаква промена на трасата за автопатот Кичево – Охрид
Македонија

Стоилковски: До денеска не е направена никаква промена на трасата за автопатот Кичево – Охрид

15/04/2023

AA

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција истакна дека Владата на ДУИ и СДС и резервниот премиер Димитар Ковачевски, повторно посегнуваат по лаги не знаејќи како да се покријат за очигледните нечесни намери во договорот со Бехтел и Енка.

„По не знам кој пат повторуваат дека трасата за автопатот Кичево-Охрид била згрешена и дека проектот бил направен во 2013 година.

А, фактите се следните:

– Трасата за автопатот Кичево-Охрид е избрана во периодот 2002 година, кога со Агенцијата за државни патишта управува кадар на ДПА, сегашен коалиционен партнер на СДС.

– Основниот проект за изградба на автопатот Кичево-Охрид е изработен од проектантот Маврово (Прима инженеринг), ЗИМ (Завод за испитување материјали) и Балкан консалтинг во 2003/2008/2009 година.

– Основниот проект е ревидиран во 2014 година од страна на Градежниот факултет во Скопје, а делови од ревизијата се правени и многу порано при изработката на проектите.

– Во 2013 и 2014 година од страна на Градежниот факултет во Скопје е изработен и т.н. инфраструктурен проект за автопатот Кичево-Охрид, што е проект за тоа на кои парцели и каква инфраструктура има на трасата и врз основа на кој се врши експропријација на земјиштето. Сосема нормално е што во текот на градбата, за вакви големи проекти е тие да се надополнуваат поради промена на терен и јавување на нов градби.

И најголемиот факт наспроти искажаните лаги:

– До денеска не е направена апсолутно никаква промена на трасата за овој автопат Кичево- Охрид.

Потпишаа еден куп на Анекси, со еден куп дополнителни работи, но проектот и понатаму стои.

Како за споредба автопатот Миладиновци-Штип е долг 47 км. Проектот за автопатот Кичево-Охрид е долг 57 км! Во меѓувреме, предвидениот автопат Кичево-Охрид имаше вредност од 374 милиони, го доведоа до над 600 милиони евра!

ДУИ и СДС не знаат како да реализираат автопат кој што им беше предаден 50% завршен, за кој што постои целосен ревидиран главен проект, за кој што постои обезбедено финансирање со каматна стапка од 2%, каде надзорот го прават двете најголеми и најискусни надзорни компании од Македонија и каде договорот транспарентно беше усвоен во Собранието на Република Македонија.

Единствена причина поради која не се завршува автопатот Кичево-Охрид е неспособноста на Владата на ДУИ и СДС.

И наместо да го завршат автопатот Кичево-Охрид, ДУИ и СДС пројавуваат амбиција да водат уште поголем автопатски проект, неколку пати поголем од автопатот Кичево-Охрид, каде се уште нема изработено главни проекти, каде се уште не е обезбедено надворешно финансирање, каде надзорот ќе го врши фирма со искуство во текстилна индустрија и со договор кој се крие од јавноста.

И врв на се, со овој мега проект треба да раководи министер (вицепремиер) од ДУИ кој од градежништво знае како да купува дуќани во центарот на Скопје и хотели на Попова Шапка по багателни цени. Но, затоа цените на автопатот според она што самите го објавија, се највисоките во регионот по должен километар.

Понижувањето што СДС му го прави на македонскиот народ нема граници. Наместо со проектот да раководи Министерството за транспорт и врски кое што е надлежно министерство за оваа област, целиот проект се дава во рацете на ДУИ, на првиот надпремиер Груби и на директорот на ЈПДП кадар на ДУИ“, вели Стоилковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy