
Стапката на еврото останува под 1,06 долари
Еврото денеска остана под прагот од 1,06 долари, објавија германските финансиски публикации.
Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута беше цитирана на 1,0590 долари или блиску до синоќешното ниво.
Европската централна банка вчера попладне одреди референтна стапка за еврото на 1,0554 долари.

