Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР ОТКРИВА: „МТЕЛ“ ГО КУПУВА МАКЕДОНСКИ „НЕОТЕЛ“ – преговорите успешно завршија, се чекаат одлуките на регулаторите
Економија

ФАКТОР ОТКРИВА: „МТЕЛ“ ГО КУПУВА МАКЕДОНСКИ „НЕОТЕЛ“ – преговорите успешно завршија, се чекаат одлуките на регулаторите

10/03/2023

AA

„МТЕЛ“, компанија ќерка на „Телеком Србија“, која од 2021 година е присутна
на македонскиот пазар, го купува телекомуникацискиот оператор во земјава „Неотел“.

За оваа информација Фактор доби потврда и од „МТЕЛ“, од каде на барање на
нашата редакција наведуваат дека компанијата успешно ги завршила преговорите за
аквизиција на „Неотел“.

„Во оваа фаза можеме да потврдиме дека согласно нашата деловна
определба да обезбедиме подобри услуги за нашите корисници и нашата политика и
стратегија за ширење на деловното работење во регионот на Западен Балкан и
Европа,  успешно ги завршивме
преговорите за аквизиција на телекомуникацискиот оператор ‘Неотел’. Но, како што е пракса при ваквите стратешки инвестиции, и
согласно законските норми, за комплетирање на целата постапка на преземање
неопходно е да се изјаснат и надлежните регулаторни институции во државата. 
Во интерес на успешно завршување на оваа аквизиција би сакале да
ги почекаме нивните конечни одлуки, по што би можеле со целосна сигурност да
кажеме дека оваа зделка е заклучена“, се вели во
одговорот кој го добивме од „МТЕЛ“.

Во ноември минатата
година Фактор објави интервју со Марко Лопичиќ, директор на „МТЕЛ“, и тоа на
годишнината од присуството на МТЕЛ на пазарот во Македонија. Тоа од компанијата го одбележаа со нови понуди за
клиените кои нудат посеби бенефити, а се
најави и проширување на продажната мрежа.

„По една година работа во Македонија минатиот
месец ја реализиравме нашата амбиција МТЕЛ да се наметне и како нов голем
мобилен оператор во земјава. Македонските корисници може да бидат сигурни дека
бенефитите кои што ги нудиме на пазарот ќе ги подигнат телекомуникациските
услуги на едно ново ниво.Особено
сме горди на понудата во делот на мобилната телефонија и интернет бидејќи
услугите за македонските корисници внимателно ги осмисливме и внимававме да ги
прилагодиме на желбите и потребите на локалните корисници, а притоа да им
понудиме едно поинакво дигитално искуство по примерот на врвните светски
телекомуникациски оператори“, изјави Лопчиќ,
потенцирајќи дека МТЕЛ во својата понуда ги има mSTARTпри пејд
и mCONNECT пост пејд тарифи како и mBOX комбинирани пакет кои што вклучуваат
мобилна телефонија, интернет и секако веќе добро познатата сателитска
телевизија mSAT TV.

„Континуирано работиме на проширување на
нашата продажна мрежа за сега услугите на МТЕЛ да бидат достапни на околу 500
локации ширум државата, преку нашите продажни салони и мрежата од овластени
партнери“, ни изјави тогаш Лопичиќ
во интервјуто..

А, пред да се случи оваа аквизиција, одобрување
треба да даде и Комисијата за заштита на конкуренцијата во земјава. Тие веќе
го добиле известувањето од компанијата.

„Согласно
член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на 09 февруари 2023 година, до Комисијата
за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација која се
однесува на стекнување на поединечна контрола од страна на МТЕЛ ДООЕЛ Скопје над
друштвото НЕОТЕЛ ДОО Скопје“, се
вели во објавата од Комисијата.

Оттаму наведуваат дека МТЕЛ ДООЕЛ Скопје е нотифициран
телекомуникациски оператор од страна на Агецијата за електронски комуникации во земјава, регистриран за дејност жичени
телекомуникации, односно за давање сателитски услуги и реемитување телевизиски
програмски сервиси. МТЕЛ ДООЕЛ Скопје нема поврзани правни лица на територија
на РСМ.

„НЕОТЕЛ
ДОО Скопје е нотифициран телекомуникациски оператор од страна на АЕК во земјава, регистрирано за давање
услуги на услуги за пренос на податоци – широкопојасен фиксен пристап до
интернет, услуги поврзани со радиодифузија – малопродажен пазар за реемитување
на телевизиски програмски сервиси и малопродажен пазар за давање на услуги на
фискна телефонија.НЕОТЕЛ
ДОО Скопје има поврзани правни лица на територија на земјава – Друштво за телекомуникации и
услуги КОМБО 2003 ДОО извоз-увоз Куманово и регистрирана дејност – Други
телекомуникациски дејности, како
и Друштво
за производство, трговија и услуги ФИКАБ ДОО увоз-извоз Тетово и регистрирана
дејност – Други телекомуникациски дејности“, објасниле од Комисијата.

Наведуваат дека по однос на релевантниот пазар на стоки за
предметната концентрација, Подносителот предлага дека истиот би можел да се
дефинира како малопродажен пазар за давање услуги на широкопојасен фиксен
пристап до интернет, малопродажен пазар за давање на услуги за дистрибуција на
медиска содржина и малопродажен пазар за давање на услуги на фискна телефонија.

„Врз
основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната
концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на
конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува сите заинтересирани
страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата, во рок од 10 дена од денот на објавување на
ова известување“, се вели во објавата
од Комисијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy