Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Станков: Дел од жртвите во пожарот во Кочани со изгореници од четврти степен, кај четворица констатирано задушување од стампедо
Македонија

Станков: Дел од жртвите во пожарот во Кочани со изгореници од четврти степен, кај четворица констатирано задушување од стампедо

21/03/2025

AA

Александар Станков, раководител на Институтот за судска медицина денеска информираше за спроведената обдукција и идентификација на починатите изјави дека кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема. Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што била направена само ДНК анализа. Во тек се токсиколошките анализи за да се утврди што било присутно во крвта на загинатите, иако според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив имало јаглерод моноксид.

Станков вели во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, но за токсиколошките анализи можеби ќе биде потребно повеќе време. Ќе се прават и патохистолошки анализи и се што ќе биде сработено, Институтот за судска медицина ќе достави до Обвинителството ќе нареди вештачење. 

Обдукциите почнале вечерта, на 16 март, а завршиле претпладнето на 18 март. Идентификацијата, пак, 99 проценти била завшрена во вторникот, на 18 март, а комплетно во утринските часови на 19 март. Идентификацијата првично се спроведувала во болниците каде што биле жртвите, но само со помош на препознавање и лични документи, а потоа биле применети и ДНК анализа и дактилоскопија при што, за да нема никаква грешка, проверка се правела по неколку пати.

-Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи. Во детали не би влегувал зашто не се завршени сите анализи, но постојат фрактури на ребра и знаци за притисок кои довеле до задушување, подвлече Станков на прес-конференција.

Во однос на задушувањето, докторот објасни дека под дејство на јаглерод моноксид се јавува главоболка, повраќање, вртоглавица, безсознание, дезориентираност, парализа на мускулите и во вакви случаи, жртвите, вообичаено, се наоѓаат веднаш до местото од кое се обидувале да избегаат.

-Овој гас е многу опасен, нема мирис и вкус, делува на централниот нервен систем, ги онеспособува жртвите и смртта може да настане многу брзо, за неколку минути, зависно колкава е концентрацијата. Во дискотеката каде што се случил пожарот, во тој чад и простор, под дејство на јаглерод моноксид смртта може да настане многу брзо. Ова е многу опасен гас и најчесто се јавува при вакви пожари, поради недоволно, некомплетно согорување. Сепак, во овој случај треба да се земат предвид и другите работи како амбиенталното задушување зашто огнот што гори го троши кислородот, па покрај влијанието на јаглерод моноксидот, има и намалено количество на кислород, нагласи Станков, додавајќи дека во најголем број случаи при вакви големи пожари не е исклучено да се појават и цијан водород и сулфур водород.

На македонските тимови од Судска медицина помош им понудиле колегите од Атина, Солун, Ниш, Белград, Приштина, Тирана, Сараево,…, но нашите експерти, како што потенцира Станков, сами ја завршиле работата.

Одговорајќи на новинарски прашања, Станков подвлече дека обудкциите се нужни за да се докаже вистината. 

-Обдукциите се вид собирање материјални докази зашто со нив се одредува причината на смртта, дали постојат други повреди идали прчината за смртта е поврзана со настанот. За а излезе птавдината на виделина и за да иумаме комплетен судски процес, но ид а се покажеме како правна, нормалнма држава, мора да се почитуваат одредени правуила, ние тие правила ги почитуваме, не може да вршиме идентификација и да одредуваме причина за смрт само со преглед, мора да се направи комплетна обдукција и позитивна идентификација за да излеземе пред судот каде ќе имаме многу прашање за да може да ги одговориме, објасни докторот.

На прес-конференцијата беше и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ. Тој и Станков изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра,

03/09/2026
Македонија

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13,

03/09/2026
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45441
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра, одбраната тврди дека остануваат „само“

03/09/2026

Во текот на денешното рочиште во предметот против апелациониот судија Ѓоко Ристов, во фокусот беа финансиските средства на судијата, неговата

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13, Ѓаволот, Цандо, Беџети, Азманов, Јахоски

03/09/2026

Во продолжението на судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, обвинителството презентираше податоци извлечени од неговиот мобилен телефон, користен во

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во овие 35 години независност од

03/09/2026

Киро Глигоров не е доволно вреднуван за неговата историска улога во создавањето и зачувувањето на независна Македонија, оцени лидерот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy