Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ССНМ се приклучува на утрешниот работнички протест за зголемување на платите
Македонија

ССНМ се приклучува на утрешниот работнички протест за зголемување на платите

27/01/2026

AA

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја потврди својата одлука за учество на работничкиот протест закажан за утре, со цел да се побара итно зголемување на минималната плата и корекција на примањата во медиумскиот сектор.

Одлуката за приклучување беше донесена на седница на Извршниот одбор на синдикатот, при што членовите беа повикани активно да ги поддржат иницијативите насочени кон подобрување на економската состојба на работниците. Протестот, кој го организира Сојузот на синдикати, ќе започне во 17 часот и, како што посочуваат од ССНМ, ќе биде легитимен, мирен и достоинствен начин за изразување на работничкото незадоволство.

ССНМ ги поткрепува своите барања со резултати од истражување спроведено во 2024 година во соработка со Институтот РЕСИС. Според податоците, повеќе од половина од вработените во медиумите примаат плата пониска од државниот просек, додека околу една третина од новинарите, камермани, монтажери, дизајнери и други медиумски професионалци заработуваат минимална плата.

„Ваквите бројки укажуваат на сериозен и долготраен структурен проблем во медиумската индустрија, кој директно влијае врз достоинството на трудот и квалитетот на медиумската работа“, велат од ССНМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy