Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Манипулативни изјави или дијалог? Тензиите меѓу МНР на Бугарија и Македонија продолжуваат
Македонија

Манипулативни изјави или дијалог? Тензиите меѓу МНР на Бугарија и Македонија продолжуваат

27/01/2026

AA

Бугарското Министерство за надворешни работи ја изрази својата сериозна загриженост поради, како што велат, континуираниот неконструктивен пристап на официјално Скопје и повторливите нејасни и манипулативни изјави.

Во соопштението, МНР на Бугарија наведува дека Северна Македонија покажала недостаток на вистински дијалог и неподготвеност да ги исполни обврските од Европскиот консензус од 2022 година, усвоен едногласно од сите земји-членки на Европската Унија.

„Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко разочарување од континуираниот неконструктивен пристап на официјално Скопје и недостатокот на отвореност во комуникацијата со јавноста. Уште еднаш, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија зборува за ‘иницијатива на поголеми и повлијателни земји-членки на ЕУ’ за организирање состанок меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија. Ова не е прв пат Скопје официјално да дава толку нејасни и манипулативни изјави“, се наведува во реакцијата.

Во соопштението се истакнува и дека дијалогот е институционален, дека имплементацијата зависи исклучиво од Скопје и дека од почетокот на мандатот на сегашната влада на Северна Македонија, бугарската страна била отворена за конструктивен дијалог. Наведен е и примерот на одбиената покана за посетата на министерот Муцунски на Софија на 25 ноември 2025 година за одбележување на делото на Свети Климент Охридски, како и спорот околу нацрт-планот за правата на заедниците, кој бил отфрлен од бугарската заедница во Северна Македонија.

Во одговор на денешното соопштение на бугарското МНР, македонското Министерство за надворешни работи изрази жалење што бугарската институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог.

Во реакцијата се истакнува дека Северна Македонија нема намера да се меша во внатрешнополитичките или изборните процеси во Бугарија. Дополнително, македонското МНР ги повикува бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои претставуваат темелни европски вредности.

„Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации. Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“, се наведува во реакцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy