Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ССМ најави кривична пријава против министерот Бесими – „свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата“
Македонија

ССМ најави кривична пријава против министерот Бесими – „свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата“

28/02/2023

AA

„Откако министерот за финансии Фатмир Бесими стори кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што тој свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа и не им ги зголеми платите на вработените во МФ иако има законска обврска да го стори тоа, Владата во обид да го спаси усвои предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за буџети што за среќа на работниците не е поминат во собраниска процедура, па владејачкото мнозинство сега бара свои полтрони пратеници кои денеска на Законодавно правна комисија треба да сторат кривично дело по членот 166 и да го амнестираат министерот и неговиот избор да не почитува закон и тие да се заглават и да сторат кривично дело преку тоа што ќе го толкуваат членот 66, став 3 од Законот за буџети по желба на Министерот за финансии Бесими.“-велат од ССМ.

-Ваква срамна дискриминација кон вработените во најважната владина институција не е видена во спроведување на правото и функционирање на правната држава, па прашуваме дали владините претставници кои пред само еден месец го фалеа и се фалеа со ваквото добро законско решение кое значи вреднување на вработените, сега ги омаловажуваат и дискриминираат своите вработени, па доколку истите ставот го менуваат од денес до утре за платите на работниците кои им се право утврдено во согласно со Закон, за што друго го менуваат ставот и на кој му е доверена државната каса на располагање и дали тоа значи дека одредени министри се над законите, а одредени пратеници се ништо повеќе од само аминџии на таквите политики на одредени министри.-додаваат од таму.

„Сојузот на синдикатите на Македонија во следните денови ќе поднесе кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими и против сите инволвирани кои не сакаат да го почитуваат законот кој сами си го донесоа и се пишманија, а на штета на работниците.“-стои во соопштението на ССМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува

07/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа

07/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје

07/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА

07/10/2026
Македонија

ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка

07/10/2026
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието

07/10/2026
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува период со дожд и поројни

07/10/2026

Утрото во четврток, 8 октомври, ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа по испорачаните средства за пензиите,

07/10/2026

Македонија е лидер меѓу земјите од регионот според реализацијата на Реформската агенда, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Според него,

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје го затвори пост-мониторингот, Софија има

07/10/2026

Бугарија мора да ги исполнува обврските што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за регистрацијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy