Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРЕДБА ОСМАНИ- КРАВИЊО: Преговарачкиот пакет се заснова на европски принципи, не треба да се пропушти шансата
Македонија

СРЕДБА ОСМАНИ- КРАВИЊО: Преговарачкиот пакет се заснова на европски принципи, не треба да се пропушти шансата

23/09/2023

AA

На маргините на 78-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба со својот португалски колега, Жоао Гомеш Кравињо.

Министерот Османи се заблагодари за континуираната поддршка од Португалската Република на нашиот европски пат, потврдена и за време на португалското претседателство со ЕУ во првата половина на 2021 година.

„Република Северна Македонија особено го вреднува проактивниот ангажман на официјален Лисабон преку тогашниот таканаречен “португалски“ предлог, чии основни принципи и рамки се вградени во сегашниот европски пакет за нашите европски интеграции“,  порача Османи.

Нагласувајќи ја потребата од задржување на европскиот моментум во интегративниот процес на земјава, министерот Кравињо истакна дека Португалија ќе ги продолжи заложбите за напредок во процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и ги охрабри сите политички чинители во Северна Македонија да ја трасираат европската иднина на граѓаните со донесување на неопходните уставни измени.

Министрите разговараа и за можностите од продлабочување на економските односи, меѓусебната поддршка во мултилатералните организации, со посебен фокус на нашето претседавање со ОБСЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44982
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати 550 евра за фрлање мачиња

12/08/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро да ги бара веслата

12/08/2026

Трагичен епилог доби потрагата по 71-годишниот М.М. од Скопје, кој на 8 август исчезна во водите на Преспанското Езеро кај

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат иднина дома

12/08/2026

За 35 години од прогласувањето на независноста, Република Северна Македонија претрпе длабока демографска и социјална трансформација. Државата која ја започна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy