Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Србите на „машката“ боксерка од Алжир ѝ забранија настап на СП во Ниш!
Спорт

Србите на „машката“ боксерка од Алжир ѝ забранија настап на СП во Ниш!

06/02/2025

AA

Алжирската боксерка, Имана Келиф, нема да може да настапи на Светското првенство во бокс, кое ќе се одржи од 8 до 16 март во Ниш, зашто не ги исполнила критериумите за учество, што го потврди и генералниот секретар на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА), Крис Робертс.

Контроверзиите околу Келиф започнаа по нејзината победа на Олимписките игри во Париз, каде што освои златен медал, но и предизвика бројни полемики. Најголемиот скандал се случи за време на борбата со италијанската боксерка Анџела Карини, која се повлече по само 46 секунди, тврдејќи дека ударите на Келиф биле премногу силни за женска категорија.

„Имана Келиф не може да учествува бидејќи не ги исполнува неопходните критериуми за натпреварување. Нашите технички регулативи се јасни во однос на потребните услови што мора да бидат исполнети“, изјави Робертс.

Оваа ситуација предизвика сомнежи за полот на алжирската боксерка, а се шпекулираше дека таа можеби има состојба позната како ДСД (различен развој на полот), што се јавува кај околу 1,7 отсто од популацијата и може да резултира со присуство на машки хромозоми или анатомски карактеристики кај личност која изгледа како жена.

Дополнително, Светската боксерска федерација потврди дека Келиф не го поминала еден од тестовите, чии детали не се објавени. Вреди да се напомене дека таа беше дисквалификувана и од Светското првенство во 2023 година. По оваа контроверзија, ИБА беше исклучена од членството во Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

19/06/2026
Македонија

Секторот игри на среќа алармира: Новиот предлог-закон е „политички популизам“

19/06/2026
Македонија

Повреден риболовец со харпун во Охридското Езеро

19/06/2026
Македонија

Промени во изгледот на полицајците: Дозволени уредни бради и тетоважи!

19/06/2026
Македонија

Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава против претседателот и секретарот на Фудбалскиот сојуз Валандово

19/06/2026
Македонија

Доктор и медицинска сестра пријавени за обид за шверц на

19/06/2026
Македонија

Македонија ги менува правилата за „златните пасоши“ – инвестицијата повеќе

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

19/06/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во југоисточните делови наместа ќе има услови за појава

Секторот игри на среќа алармира: Новиот предлог-закон е „политички популизам“ што ќе остави 10.000 луѓе

19/06/2026

Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој Владата го достави до Собранието на 14 мај годинава, предизвика сериозен

Повреден риболовец со харпун во Охридското Езеро

19/06/2026

На 18.06.2026 во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ – Охрид е пријавено дека И.М.( 31)

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy