Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СПРЕМЕТЕ СЕ: Во сабота овие населени места во Скопје ќе бидат без вода 15 часа!
Македонија

СПРЕМЕТЕ СЕ: Во сабота овие населени места во Скопје ќе бидат без вода 15 часа!

28/05/2025

AA

Во сабота, на 31 мај, во раните утрински часови ќе започне делумен прекин на водоснабдувањето во повеќе скопски населени места поради изведба на приклучок на главниот магистрален водовод, информира ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Без вода ќе останат делови од Визбегово, бул. „Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, високата зона на Железара и Бутел 1. Активностите ќе започнат точно на полноќ (00:00 ч.), а се очекува да завршат во рок од 15 часа.

Од претпријатието велат дека целта на проектот е подобрување на водоснабдувањето и стабилизирање на притисокот во мрежата, како и намалување на загубите на вода.

Во рамки на проектот ќе се изврши монтажа на игличест регулационен вентил и поврзување на постојниот магистрален цевковод Ф1600 мм кај Железара со магистрален цевковод Ф700 мм на бул. „Александар Македонски“. Преку новиот цевковод долж бул. „Хрватска“ ќе се овозможи формирање на циркуларен прстен меѓу двете главни водоводни линии во Скопје.

ЈП „Водовод и Канализација“ најавува дека ангажирани се осум екипи, целосна механизација и логистичка поддршка за брза и безбедна реализација на активностите. Сите подготвителни проверки на вентили, испусти и хидранти се веќе спроведени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy