Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат почитување на идентитетот на сите држави
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат почитување на идентитетот на сите држави

05/10/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека прашањето околу евроинтеграциите на Македонија и условувањата поврзани со Бугарија не може да се квалификува ниту исклучиво како билатерално прашање, ниту само како проблем меѓу Македонија и Европската Унија.

Во интервју за телевизија Сител, Сиљановска-Давкова се осврна на неодамнешната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на можноста ЕУ да посредува во разговорите со Бугарија.

Во однос на пораките од Брисел за продолжување на разговорите со Софија, таа потсети дека претходно се поставувало прашањето дали спорот е билатерален или станува збор за прашање во рамки на односите со ЕУ.

– Кога ние велевме дека прашањето по природа е билатерално, бидејќи ниту во Акцискиот план, ниту претходно, нема забелешки од другите држави, никоја не се заканува со вето, напротив, се истакнува потребата од merit system во евалуацијата… Бугарија велеше дека прашањето не е билатерално, туку дека ние имаме работа со Европската Унија. Многупати сум велела дека ако е така, тогаш оставете нè да преговараме со Европската Унија – рече Сиљановска-Давкова.

Според неа, во такви ситуации постојат механизми во европското право, вклучително и членот 7 од Договорот за Европската Унија, кој предвидува можност за ограничување на одредени права на земја-членка доколку се утврди сериозно прекршување на принципите и вредностите на Унијата.

Сепак, претседателката нагласи дека потребен е дијалог и размена на ставови, но оти не може да се оквалификува проблемот или процесот и како билатерален исклучиво, или како проблем што го имаме со Европската Унија.

Во однос на ставовите на европските претставници за преземените обврски, Сиљановска-Давкова се повика на европското уставно право и на основните документи на ЕУ.

– Јас не сум само претседателка, туку сум и професорка. Добро го познавам европското уставно право. И она на што деновиве се повикува (претседателката на Бугарија) г-ѓа Јотова, претседателката на Бугарија, кога вели дека ние мора да ги почитуваме принципите и вредностите на Европската Унија, се точно прашањата на кои и јас повикувам. Многу јасно пишува во Договорот за ЕУ, во Лисабонскиот договор, во Повелбата за фундаменталните права, дека ЕУ ќе го почитува националниот и културниот идентитет, не само на членките на ЕУ, туку на сите нации и држави – рече Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека европските документи предвидуваат и почитување на уставните и политичките структури на државите.

Сиљановска-Давкова оцени дека токму овие принципи треба да бидат земени предвид и во процесот на евроинтеграција на земјава, особено кога станува збор за прашањата поврзани со националниот и културниот идентитет.

За барањето за уставни измени, претседателката рече дека не може да гарантира дека тие ќе бидат усвоени.

– Што велам јас кога ќе ме запрашаат дали ќе го смените Уставот? Јас не можам таква гаранција да дадам. Пратениците не ме претставуваат мене, ги претставуваат граѓаните и, како во секој европски парламент, гласаат по сопствено уверување – рече Сиљановска-Давкова.

Таа праша што ќе се случи доколку повторно бидат иницирани уставни измени, но пратениците не обезбедат двотретинско мнозинство, како и потребното мнозинство од пратениците од заедниците кои не се мнозинство.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат

05/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски

05/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
Македонија

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше

05/10/2026
Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45993
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Зошто во документот се најде

05/10/2026

Сите кои тврдат дека нема никаква закана, нека ја отворат преговарачката рамка, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека во неа

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски бара трипартитен разговор со претставник

05/10/2026

Македонија и Бугарија најпрво треба да седнат на иста маса и отворено да ги соочат аргументите, а потоа билатералниот дијалог

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА Средбата ќе се одржи на

05/10/2026

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат в четврток во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy