Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Полицијата со нулта толеранција на сите форми на родово-базирано насилство.
Македонија

Спасовски: Полицијата со нулта толеранција на сите форми на родово-базирано насилство.

24/11/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер денеска присуствуваше и се обрати на официјалната кампања „Сложувалка“ со која и официјално започнува кампањата 16 дена активизирам против розово-базираното насилство, посветена на подигање на свеста за насилството врз жените и застапување за трансформативен пристап за поддршка на институциите, во организација на Министерството за труд и социјална политика, поддржана од страна на канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија и Амбасада на Велика Британија во Република Северна Македонија. Министерот образложи дека изминативе години во светот и кај нас, благодарение на националните и глобални напори, во голема мерка се рушеа предрасудите околу родовото насилство, особено насилството врз жените и девојчињата, за што, меѓу другото говори и тенденцијата што сѐ поголем број на жени се охрабруваат и ги пријавуваат случаите на семејно насилство, наспроти податокот дека до пред 5 години само 2% од жените кои доживеале насилство од партнерот, пријавиле во полиција сериозен инцидент, изјаснувајќи се дека домашното насилство треба да се реши во семејството, „Колку за илустрација, во контекст на полициското соочување со проблемот на семејното насилство, треба да се истакне дека во периодот јануари-септември 2023 година – на ниво на држава беа евидентирани 875 жртви на насилство од кои 678 се жени, сопруги, вонбрачни сопруги, мајки, ќерки…. На овие показатели за истиот период треба да се додадат и 295 жртви на насилство при констатирани и санкционирани прекршоци и 3.776 поплаки против членови на семејството, при што во 2.511 случаи жртвите се жени“, истакна официјални статистики министерот Спасовски

,,Изминативе години, тргнувајќи од низата нови меѓународни и домашни законски промени, МВР организационо, професионално и стручно се прилагоди кон новите трендови и стандарди во третманот на насилството врз жената, поставувајќи стандардни оперативни процедури кои што опфаќаат еден широк спектар на активности, не само за идентификување и управување со ризиците, туку дополнително и за обезбедување на безбедноста на жртвата во сите фази на полициското постапување. Полицијата јасно ги препознава своето место и улога во целиот тој процес на превенција, заштита и гонење на сторителите на насилство врз жени, семејното и родово базирано насилство. И, секако, нашиот стремеж секогаш треба да биде насочен кон апсолутна институционална и кривично-правна нетолерантност кон оваа појава. Значи, несомнено дека полицијата при справување со формите на семејно насилство постапува „репресивно“, согласно своите законски надлежности.“,истакна Спасовски.

На крајот министерот сублимираше дека вистинската ефективност во спречувањето на родовото насилство и насилството врз жената ќе ја очекуваме во оној момент кога суштината на нашите активности ќе биде насочена кон целисходен систем на превентивно делување, а во насока на превенирање на родово базираното насилство.

Практично тогаш ќе изградиме нулта толеранција на сите форми на родово-базирано насилство, рече Спасовски цитирајќи ја глобалната тема за оваа година повика да се обединиме во борбата против насилството врз жените и девојчињата и против сите форми на родово базирано насилство, секој ден – сите заедно!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45874
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в

29/09/2026

Грција в сабота, на 3 октомври, свечено ќе ѝ ги предаде на Бугарија човечките останки за кои повеќе од половина

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy