Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски и Несторовска на терен заедно со полицијата во скопско Дебар Маало: Континуирано се зголемува бројот на жени на раководни позиции во МВР
Македонија

Спасовски и Несторовска на терен заедно со полицијата во скопско Дебар Маало: Континуирано се зголемува бројот на жени на раководни позиции во МВР

08/03/2023

AA

Вечерва, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска , во скопско Дебар Маало ги посетија полициските службеници од Единицата за интервентна полиција кои во овој дел од градот Скопје на терен преземаа службени активности во насока на зголемување на безбедноста и одржувањето на јавниот ред и мир. Посетата е продолжение на серијата средби на министерот Спасовски со полициските службеници, каде на лице место во работна атмосфера, директно на терен се информира како се остваруваат предвидените планови и задачи. Изразувајќи најдлабоко почитување кон сите припаднички на женскиот пол, во чија чест се празнува денешниот меѓународен празник – 8 Март, министерот потсети дека денешниот ден претставува симбол на борбата за права и еднаквост на жените во целиот свет.

„Посебно задоволство причинува фактот што еден дел од Единицата за интервентна полиција се токму припаднички на женскиот пол, кои празникот ќе го одбележат работно, рамноправно со нивните колеги на терен, преземајќи службени активности во насока на зголемување на безбедноста и одржувањето на јавниот ред и мир“, истакна Спасовски упатувајќи охрабрување да покажат уште поголем интерес за учество во оваа единица, чија улога е извонредно важна во нашето секојдневно полициско работење на подрачјето на градот Скопје, со цел поголема безбедност и сигурност на сите наши граѓани и граѓанки, за што говори и статистиката, според која во првите два месеца од 2023 година, споредено со истиот период минатата година, бележиме намалување на вкупниот криминалитет за 31,55%. „Од аспект на родовата еднаквост би сакал да нагласам дека на ниво на организациони единици во МВР горди сме што 48% од раководните позиции се доверени на жени. Исполнетоста на принципот на застапеност на жени на раководни позиции е евидентна и во рамки на Бирото за јавна безбедност, па жените се на раководни позиции на Оддели како помошници директорки, началнички, командирки, жените, активни се и во Специјалната антитерористичка единица, Единицата за брзо распоредување и Интервентната полиција и ги покажуваат своите врвни професионални перформанси и како пилоти, што порано не беше случај“, рече Спасовски, додавајќи дека со Новиот Колективен договор помеѓу МВР и МПС предвиден е паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност, за секое новородено дете, на жени вработени во МВР кои ќе се реализираат како мајки.

Од страна на Државната секретарка Магдалена Несторовска беше нагласено дека изминатите години во Министерството за внатрешни работи се забележува голем напредок во креирање на родово сензитивните политики. „Тоа се забележува преку вклучување на жени на високи одлучувачки позиции кои учествуваат во креирање на политики, поставување на жени на раководни функции како на стратешко ниво така и во оперативните служби во министерството. Раководството на министерството особено се зазема за сензибилизација на мажите вработени во министерството, затоа што родовата еднаквост не е само женско прашање и борбата за родова рамноправност мора да биде заедничка борба на сите, и на мажите и на жените“ истакна Несторовска.

Министерот Спасовски упатувајќи честитка по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, како симбол на борбата за права и за еднаквост на жените во целиот свет, изрази уверување дека со задоволни полициски службенички и службеници можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето во полза на сите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Николовски: Власта ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а денес немаат

09/06/2026
Македонија

Богојески: Македонија е во банкарско ропство на монополи, решението е

09/06/2026
Македонија

НИКОЛОВСКИ ПРЕД ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Земјоделството е во колапс, соработниците на Трипуновски

09/06/2026
Македонија

ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА ЗА ЗАТВОР: Ова е политичка одлука за

09/06/2026
Македонија

Апелација ја потврди казната на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски!

09/06/2026
Македонија

Кривичен ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за осомничениот Стефан

09/06/2026
Македонија

Мицкоски пред средбата Сиљановска-Јотова во Софија: Односите мора да бидат

09/06/2026
Македонија

Трагедија во скопско: Трактор оставен во брзина прегази и усмрти

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43674
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Николовски: Власта ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а денес немаат ниту подобра позиција, ниту алтернатива

09/06/2026

Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, во завршниот дел од гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ направи ретроспектива на клучните социјални

Богојески: Македонија е во банкарско ропство на монополи, решението е во ниски даноци и слободен

09/06/2026

Лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ја претстави новата партиска кампања под

НИКОЛОВСКИ ПРЕД ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Земјоделството е во колапс, соработниците на Трипуновски се во притвор за мито,

09/06/2026

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата утре во Собранието ја става на дневен ред интерпелацијата против актуелниот министер за земјоделство,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy