Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски и Бала од Тирана: Наши заеднички цели се безбедноста  на граѓаните и европски институции
Македонија

Спасовски и Бала од Тирана: Наши заеднички цели се безбедноста на граѓаните и европски институции

13/09/2023

AA

Денеска, (13.09.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Тирана, Република Албанија по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со албанскиот колега, министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од реализирањето на оваа нивна прва средба, при што министерот Спасовски му честиташе на колегата Бала за назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на личен и професионален план.

Истакнувајќи дека токму Министерската Конференција во рамки на Берлински процес во Тирана е добар старт за продлабочување на веќе успешната соработката помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Албанија, министерот Спасовски рече:

„Преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, како и заедничкото учество во Регионалните иницијативи, можам да кажам дека соработката помеѓу граничните полиции на двете држави е континуирана. Пред се’ преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и добри пракси и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал, како и вклучување на други релевантни служби со цел соодветен пристап и постапување. А, како резултат на добрата соработка на надлежните служби на двете земји, се помогна во истрага на потешки кривични дела, од типот на убиства, разбојништва и тешки кражби ”, истакна министерот Спасовски.

Во оваа прилика беше изнајден одговор на потребите на македонската заедница во Голобрдо којашто лани во ноември изрази интерес за изнаоѓање начин за продолжување на работното време на Граничниот премин Џепиште – Требиште, кој е од локален карактер и не работи постојано. Така, во голема мерка би се подобриле условите за живот на локалното население, како што беше решен проблемот со електрична енергија на истиот граничен премин.

Имено, на денешната средба двајцата министри се договорија да започнат подготовките од двете страни кои ќе значат позитивен одговор на барањата на македонската заедница во Албанија. Воедно, двајцата министри се согласија дека е постигнат значаен напредок, а потврдија дека и во иднина ќе се интензивираат сите активности коишто веќе се отпочнати, со несмален интензитет ќе започнуваат и нови, кои ги отвораат европските перспективи на граѓаните и на регионот.

Министрите Спасовски и Бала потенцираа дека заеднички цели им се безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеењето на правото и европски институции.
Во таа насока, и министерот Спасовски посака успешна реализација и плодна дебата на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
Македонија

Министерството за локална самоуправа обезбеди 50.000 литри вода за пиење

22/07/2026
Македонија

Општина Центар во вонредна мобилизација по невремето: Герасимовски ја вклучува

22/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар стивнува: Бројот на нови пациенти во болницата

22/07/2026
Македонија

Кризниот штаб во акција: Во Гостивар се поставуваат резервоари за

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44573
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, што претставува раст од 8,2 проценти во споредба

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026

На 21.07.2026 во 12:25 часот на ул.„Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026

Денес се одржа координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој се сумираа штетите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy