Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите
Македонија

Спасовски: Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите

17/10/2023

AA

Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите, од кои најголем дел на јужната граница со Грција, односно годинава бележиме тренд на намалување за речиси 50 отсто на обидите за илегални преминувања во однос на минатата година, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник „Neue OZ“.

Спасовски, како што соопшти МВР, на прашањето за моменталната состојба со илегалната миграција, одговори дека денес бројките се многу помали, но Северна Македонија останува важна земја на транзит кон земјите-членки на ЕУ.

– Моменталната состојба на нашите граници не е споредлива со ситуацијата во 2015/16 година. Во тој период, повеќе од милион луѓе патуваа преку Балканската рута кон Европската унија. Во Северна Македонија, тогаш дневно регистриравме од 10.000 до 12.000 преминувања на границите. Денес, бројките се многу помали, но Северна Македонија останува важна земја на транзит кон земјите-членки на ЕУ, изјави Спасовски.

Во однос на прашањето од каде пристигнуваат мигрантите, министерот Спасовски рече дека повеќе луѓе доаѓаат од Мароко, Пакистан и Авганистан.

-Професионални криумчари ги носат луѓето преку граница. Во Северна Македонија во првите осум месеци откривме 74 обиди за криумчарење на 734 мигранти. Доследно го гониме криумчарењето и поведовме постапки против 68 лица за криумчарење во првите осум месеци. За повеќето мигранти, Северна Македонија е само земја на транзит кон Западна Европа, рече Спасовски.

Министерот Спасовски додаде дека луѓето без разлика на нивното потекло, сакаат да одат во безбедни земји со стабилна економија, посочувајќи ги земјите како Германија, Австрија и скандинавските земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy