Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген
Економија

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

19/05/2024

AA

Оваа недела во посета на „Костал Македонија“ е главниот оперативен тим на компанијата, кој ги проверува развојот, успешноста и идните планови. Прв пат по седум и пол години, кога беше отворена компанијата во Охрид во октомври 2016 година, во посета дојде и Андреас Костал, сопственик и претседател на Управниот одбор на Костал, кој не го криеше задоволството од развојот на компанијата во Македонија.

„Помина време од мојата последна посета на Костал Македонија и навистина сум зачуден од развојот кој е направен тука оттогаш.  Почнавме со околу 12 вработени и сега имаме повеќе од 1000 вработени овде. Континуирано инвестиравме во нашата фабрика во Македонија, во нашите луѓе, во нашите вработени и во градењето квалификуван кадар тука. И навистина со задоволство можам да кажам дека можеме да забележиме дека сето тоа навистина почнува да се исплатува, од технологијата што ја применуваме овде во нашата компанија, како и од производите со кои ги снабдуваме нашите клиенти ширум светот. Ние сме составен дел од глобалниот синџир на снабдување на автомобилската индустрија и исто така го поттикнуваме трендот на транзиција на електромобилноста. Тоа го овозможува нашиот тим овде во Костал Македонија и навистина сум горд што играме важна улога во глобалниот синџир на снабдување во автомобилската индустрија“, изјави за Охридњуз Андреас Костал, првиот човек на групацијата Костал.

Тој упати благодарност до сите вработени во Костал Македонија за посветеноста и постигнатите успеси остварени во, како што рече, комплексни услови.

„Да не заборавиме дека имавме КОВИД, имавме глобална криза во снабдување со чипови, зголемување на цените и ја имаме војната во Украина. Сето тоа, се разбира, создава голем притисок, но и голема неизвесност и висока нестабилност во работењето, не само овде во Македонија туку и во светот. Нашите вработени не само што се справија со тие предизвици, туку во исто време и ги совладаа. Секогаш да се справуваат со новите предизвици и постојано да ја градат технолошката компетентност. Ова е навистина одлична можност да му се заблагодарам на целиот тим. Среќен сум што гледам ваков развој. Продолжуваме со понатамошниот развој на нашите операции овде во Македонија“, додаде Андреас Костал.

Успешното работење на Костал Македонија го потврди и главниот оперативен директор на компанијата Костал, Ханс Јорг Херман.

Оваа недела во Охрид официјално започнува производството на технолошки најнапредниот производ на Костал групацијата на глобално ниво, а тоа е проектот за енергетска електроника за Фолксваген, најави генералниот директор на Костал Македонија, Виктор Мизо.

„Започнуваме со сериско производство за што формално добивме зелено светло од колегите од Фолксваген кои исто така се присутни тука. Врз основа не само на комплексноста, но и финансиската големина на овој производ, во следните 5-6 години ова ќе биде една многу позитивна ињекција во развојот на Костал Македонија, а истовремено ќе претставува можност да привлечеме нови други комплексни проекти. Фактот што токму ние после нецели 8 години од почнувањето со работа добиваме не само задача, туку обврска, истовремено претставува благодарност и потврда за способноста на тимот овде да таков проект не биде реализиран на било која друга локација во светот, туку токму овде во Македонија. Тоа значи дека менаџерскиот тим на Костал верува оти ние имаме можности за напредок, за развој и привлекување на многу покомплексни проекти и за идно проширување како по обем, така и по број на проекти и работни места. Нормално врз основа на големината на тие проекти тоа може да значи и на различни локации ако е потребно да го адаптираме она што Костал како бренд го има создадено во Македонија“, истакна Мизо.

Високите претставници на Костал групацијата ќе земат учество на Самитот „Македонија 2025“.

Г. Момироски
Фото: Бобан Стојаноски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ Е УСЛОВЕНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА И

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45898
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

30/09/2026

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Македонските судови се главно

30/09/2026

  Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува опозиција да се однесува одговорно

30/09/2026

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за правда да се даде втора шанса на процесот за Изборниот законик, но цени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy