
Сончево, па невреме со дожд, грмежи и ветер попладне низ Македонија
Времето денеска: Претпладне сончево со умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
ВРЕМЕНСКА НАЈАВА
Продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Под влијание на топла, влажна и нестабилна воздушна маса денес и во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
