Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АМЕРИКА ИЗБЕГНА БАНКРОТ: Договорот беше објавен без никакво славење
Економија

АМЕРИКА ИЗБЕГНА БАНКРОТ: Договорот беше објавен без никакво славење

28/05/2023

AA

Американскиот
претседател Џо Бајден и лидерот на републиканското конгресно мнозинство Кевин
Мекарти постигнаа начелен договор по напорните преговори за зголемување на
лимитот на јавен долг на САД од 31,4 трилиони долари, со што се спречи банкрот.

Договорот беше
објавен без никакво славење, што покажува колку тешки биле разговорите и дека
договорот допрва треба да се протурка низ Претставничкиот дом и Сенатот.

„Само што телефонски
разговарав со претседателот. По неколку месеци кога тој губеше време и одбиваше
да преговара, денеска постигнавме начелен договор достоен за американскиот
народ“, рече Мекарти.

„Договорот е
важен чекор напред, но е и компромис. А тоа значи дека нема секој да го добие
она што го сака. Тоа е одговорност на владеењето“, рече Бајден.

Договорот ќе го
зголеми законскиот лимит на јавниот долг на САД, кој сега изнесува 31,4
трилиони долари, за две години. Сè уште треба да се разработат некои детали, но
Мекарти очекува законот да биде напишан во недела и би можел да се гласа во
среда.

Тој за новинарите
изјави дека договорот вклучува историско намалување на јавната потрошувачка и
додаде дека нема да има нови даноци и нови владини програми.

Доколку Бајден и
Мекарти не постигнаа договор за зголемување на границата на националниот долг,
кој моментално изнесува 31,4 трилиони долари, Соединетите држави би можеле да
се најдат во ситуација кога доцнат или не можат да ги исполнат своите
финансиски обврски, без разлика дали се однесуваат на платите, пензиите. или
компензација на нејзините доверители.

Според
економистите, ова невидено сценарио би било синоним за голема рецесија и колапс
на пазарот во САД, со можна „зараза“ која би се проширила на целата глобална
економија.

ФОТО: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45335
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026

Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар: „Во прашање беа 20 секунди,

30/08/2026

Модната креаторка Ивана Кнез на социјалните мрежи откри дека нејзиниот дом за малку ќе бил зафатен од пожар кој се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy