Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО МЕРЦЕДЕС ЈА „ПОКОСИ“ МЛАДАТА ДОКОТОРКА: Силна порака ја расплака БиХ, „Дали знаеш како се станува доктор на 25 години?“
Регион

СО МЕРЦЕДЕС ЈА „ПОКОСИ“ МЛАДАТА ДОКОТОРКА: Силна порака ја расплака БиХ, „Дали знаеш како се станува доктор на 25 години?“

28/05/2023

AA

Навраќаат
реакциите за трагичната сообраќајна несреќа која ја потресе Босна и
Херцеговина, во која животот го загуби младата докторка Азра Спахиќ, а тешко
повредена Алма Суљиќ.

Една од реакциите
е на политичарот од Зеница Иван Петровиќ.

„Дали знаете како
се станува доктор со помалку од 25 години?!

Со уживање во
детските игри само до поаѓање во прво одделение во основно училиште. А следните
19 години од најубавата младост ги поминувате со книги, макотрпни студии и
истражувања од утро до вечер и од ноќ до зори. Ненаспаност и често физички и
психички исцрпени. Страдате од огромен стрес поради вашите и очекувањата на
оние околу вас.

Се борите со
глад, бидејќи понекогаш немате време ни да јадете. Ги пропуштате повеќето од
вообичаените излегувања и забави со вашите врсници. Добивате доживотна болка во
вратот и грбот, кои ви ја искривуваат кичмата. Оштетен е и видот. Ги жртвувате вашиот
ум и тело за да донесете огромно знаење, кое ќе биде во служба на спасување
човечки животи и лекување на болести. И никогаш не ги заборавате вашите
родители, кои дадоа се што можеа за да ве поддржат во вашата жртва.

Знаете ли како се
станува идиот под 25 години?!

Едноставно! Со
тоа што откако ќе се родиш мајка ти и татко ти, ти обезбедуваат се во животот,
само ти да не правиш ништо. Освен што служиш како демонстрација на нивната
материјална и социјална моќ.

И бидејќи е многу
полесно да се стане идиот на возраст помала од 25 години, отколку да се стане
лекар на иста возраст, сè почесто ги читаме вестите во кои овие први, многу
побројни, пијани и издрогирани зад воланот во бес автомобилите ги убиваат овие
други, ретки скапоцени примери на нашата младост на пешачки премини и слични
места.

Младата Азра
Спахиќ (25) беше лекар, научник, уметник, вработена во здравствен центар во
Сараево, родена да направи разлика и да донесе надеж во овој колапс на
општеството. Тркајќи се со мерцедес, синоќа на пешачки премин ја покоси Армин
Берберовиќ, познат како Берба, кому татко му не му ја купи „машината“ само за
да ја гледа, туку и за да ги покаже „м…..та“ на патот.

Покрај до
родителите и роднините на Азра, моето искрено сочувство до сите Босанци и
Херцеговци, кои нејзината смрт ја доживеаја како непоправлива загуба за
посветлата иднина на нашата земја.

Пред некој ден го
одбележавме Денот на жалост за масакрот на младите од военото минато.

Што ќе правиме со
нашите денови на жалост, во кои нашата иднина е убиена од одроните на нашата
сегашност?

Роднините,
пријателите и колегите се збогуваат со младиот лекар, а општеството бара
децидна реакција!

ФОТО: ФБ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy