Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара
Економија

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

28/11/2024

AA

Дали држат или не обвинувањата од опозицијата дека
власта ја партизира администрацијата нема да коментираме. Но, факт е дека од стартот срамежливо, но сега сѐ повеќе можат да се видат огласи за вработување во државните институции.

А една од нив е и законодавниот дом, кој сака да се
„поднови“ со 27 нови вработувања. И не само со „обични“, туку и со двајца
државни советници, кои нема да земаат ни така мали плати, односно над 1.040
евра, или по повеќе од 64 илјади денари.  

Најновиот оглас на веб страната на Агенцијата за
администрација, каде што всушност осамнуваат намерите за вработувања во јавниот
сектор, а кој беше објавен во текот на вчерашниот ден, говори дека Собранието
бара 27 извршители за различни работни позиции, а меѓу нив има од снимател и
тонец, новинар, па до помошници и раководители, советници, но и најдобро платените државни
советници.

Инаку, она што е различно во овие огласи од претходните, е тоа што во нив
не е наведено каква национална припадност треба да имаат новите вработени, а
главна причина за тоа веројатно е фактот што Балансерот е надвор од својата
функција, се додека не се изнајде ново решение, што ќе се направи преку носење
на закон за правична застапеност.

Но, за сепак да се знае каква етничка припадност треба да имаат тие што ќе
ги пополнат новите работни места, кај одредени позиции е наведено дека треба да
имаат „познавање
на службен јазик покрај македонскиот на кој зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија“

Првата позиција што се бара е еден собраниски државен советник за безбедносни прашања и безбедносен надзор. Покрај општите, тој треба да исполнува и неколку
посебни услови и тоа ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на
квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1
степен од областа на одбраната, безбедносните или правните науки. Исто
така, треба да има најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалкудве на раководно
работно место во јавен сектор, односно најмалку 10години работно
искуство во струката од кои најмалку три на раководно работно место во приватен
сектор. Покрај активно познавање на компјутерски програми за канцелариско
работење, потврда за положен испит за административно управување
и активно познавање на
еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија,
односно англиски, француски
и германски,
треба да исполнува и дополнителни услови, односно минимум 10 години професионално искуство во
безбедносниот сектор или на должности поврзани со безбедносниот сектор,
да исполнува услови за
добивање на национален безбедносен сертификат со степен Државна тајна
и да поседува знаења за
демократските вредности на парламентарниот надзор над безбедносниот и
разузанвачкиот сегмент. Неговата плата ќе изнесува 64.353
денари, стои во огласот.

Втората
позиција од овој калибар е собраниски државен советник за политички систем. Тој
треба да има високо образование од делот на правни, политички или науки од
областа на книжевноста, како и најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку
две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 години
работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно
место во приватен сектор. Неговата плата исто така ќе изнесува 64.353
денари во текот на месецот.

Неколку
вработувања кои ги бара Собранието се со плати од близу 55 илјади денари. Таква
е позицијата помошник раководител на Секторот за работни тела на Собранието. Треба
да е правник, економист, или да има високо образование од делот на политички науки или наука за земјиштето и
хидрологијата. Неговата плата ќе изнесува 54.801
денар. Истата плата ќе ја земаат и неговите колеги кои ќе работат како помошник
раководител на секторот за преведување и толкување, како и помошник раководител на сектор за поддршка на Националниот совет за
евроинтеграции и следење на евроинтеграциите.

Останатите позиции се советник архитект, кој ќе зема
43.885
денари, потоа раководител на oдделение за реализација
на програма Продуцент – Режисер, , кој ќе добива
месечен надомест од 49.559 денари, самостоен референт –
снимател/камерман, кој месечно ќе заработува 31.245 денари, додека вишиот
референт тонец монтажер кој исто така се бара во огласот, ќе добива 30.814
денари. Се бара и советник – новинар, во Одделението за реализација на програма, кој ќе зема 43.885 денари, самостоен референт –
Видео Миксер/монтажер, , кој би работел
за 31.245
денари месечно, како и разно разни други позиции, со плати меѓу 31 илјада и 49
илјади денари месечно.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44941
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое

10/08/2026

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy