
Собир на плоштад во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани!
Со мирен собир на плоштадот во Скопје, граѓаните се собраа да го искажат својот гнев и тага, барајќи одговорност од институциите за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Собрани сме да ги потсетиме институциите за нивната неодговорност и непостапување. Не видовме во овие шест месеци една институција да излезе со одговор на нашите барања, кои се многу јасни – сите вмешани мора да сносат одговорност. Ние не простуваме“, рече Анастасија Павловска од „Кој е следен“.
Граѓаните оставија лични пораки за поддршка и солидарност, кои ќе бидат собрани и предадени на семејствата, како знак дека не се сами во својата борба за правда.
На плоштадот можеше да се забележи и ѕвездено небо во чест на загинатите.
Инаку, за време на собирот сите околни локали ја имаа исклучено својата музика.