Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АНКЕТА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ, ДУИ и ВЛЕН во мртва трка
Македонија

АНКЕТА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ, ДУИ и ВЛЕН во мртва трка

15/09/2025

AA

Најновата анкета на јавното мислење објавена вечерва на јавниот сервис, спроведена во пресрет на претстојните локални избори, покажува убедлива предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред опозициската СДСМ. Истовремено, анкетата открива дека за огромно мнозинство од граѓаните, личноста на кандидатот за градоначалник е поважен фактор при одлучувањето отколку неговата партиска припадност.

ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојно поголем рејтинг од СДСМ

На прашањето за која советничка листа би гласале,

27.1% од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 10.5%. Според рејтингот, потоа следуваат Националната алијанса за интеграција (ДУИ) со

9.6%, Коалицијата ВРЕДИ со 8.6%, Левица со 5.9% и ЗНАМ со 4.0%.

Дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите очекуваат

29.8% од граѓаните, наспроти само 8.5% кои сметаат дека ќе победи СДСМ.

Кандидатот е поважен од партијата

Клучен фактор при изборот на градоначалник за гласачите е личноста на кандидатот. Дури

62.2% од испитаниците одговориле дека карактерот и квалитетите на кандидатот повеќе влијаат на нивната одлука, додека за 24.5% поважна е партиската припадност.

Половина од граѓаните планираат да излезат на гласање

Според анкетата, половина од гласачкото тело планира да излезе на претстојните избори.

40.5% одговориле дека со сигурност ќе гласаат, а 10.4% дека најверојатно ќе гласаат. Сепак, загрижувачки е високиот процент на граѓани кои се уште се неодлучни или нема да гласаат. Вкупно

19.4% изјавиле дека нема шанси да гласаат, додека дури 24.7% одговориле дека не знаат или немаат одговор.

Анкетата е спроведена телефонски на 1126 испитаници во месец септември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy