Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Росица 70 пати го пријавувала Илија за насилства и закани, полицијата правела записници
Магазин

Росица 70 пати го пријавувала Илија за насилства и закани, полицијата правела записници

16/09/2025

AA

МВР ја објави листата на пријави против Илија Стефановски (39) од Скопје, кој го изврши двојното убиство во Велес, во кое жртви беа неговата поранешна партнерка Росица Коцева и нејзинот татко. Притоа е евидентирано  следното:

-На 26 јануари годината во 23:30 часот во СВР Велес, Р.К.(31) пријавила поплака против И.С.(39) од Скопје дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес ја вознемирувал додека шетала куче. За наведеното И.С. е предупреден.

-На 21.2.2025 во 1:40 часот во СВР Велес пријавила дека во периодот од 22:10 до 23 часот на 20.2.2025 во двор на основно училиште во Велес била физички нападната од И.С. од Скопје, со кого претходно била во врска.

-На 4.3.2025 во 00:25 чaсот во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес го лишиле од слобода И.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на улица „Христо Татарчев“ во Велес, физички го нападнал И.М.(35) од Велес, додека бил со неговата пријателка Р.К.(31) од Велес. И.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и поднесен е соодветен поднесок.

За претходно наведените настани, а по барање на ОЈО Велес, во врска со пријавени настани од Р.К. против И.С. за временскиот период од 27.12.2024 до 01.3.2025, до ОЈО Велес доставени се примероци од сите службени материјали

-На 18.5.2025 во 14:30 часот во СВР Велес пријавила дека на неколку локации во Велес, И.С.(39) од Скопје испишал графити со навредливи и заканувачки содржини во кои директно е наведено нејзиното име и презиме и нејзиниот полубрат, како и во повеќе наврати пишувал пораки на нејзиниот татко и на нејзина пријателка преку социјални мрежи, со навредлива содржина упатени кон неа и побарала И.С. да се предупреди. До СВР Скопје е испратен службен материјал, по однос на пријавата, каде бил извршен службен разговор со И.С. кој ја негирал поврзаноста со наведениот настан, за што бил изготвен и службен материјал.

-На 18.5.2025 во 5:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес настанал пожар во патничко возило „мицубиши“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.К.(74) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес. По преземени мерки е утврдено и пријавено од 31-годишната Р.К. од Велес дека во периодот од 22 часот на 17.5.2025 до околу 5:30 часот на 18.5.2025 возилото било одземено од пред домот на нејзиниот татко. Се работи на расчистување на случајот.

-На 19.6.2025 во 14:30 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес, со која е извршен службен разговор во врска со пријава од вработена во продажен објект во Велес, дека пронашла УСБ залепено на влезна врата од објектот, на кое имало слики и видео записи со експлицитна содржина од нејзе и И.С.(39) од Скопје.

-На 7.7.2025 во 13 часот во СВР Велес била повикана Р.К.(31) од Велес, по издадена наредба од ОЈО, каде таа пријавила дека И.С.(39) од Скопје не ја почитувал мерката забрана за приближување, за во СВР Велес да приложи доказен материјал во однос на пријавата и од страна на СВР Велес материјалот е доставен во ОЈО.

Од извршените проверки, евидентирана е и кривична пријава поднесена од СВР Скопје против И.С. за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“ предвидено по член 130 став 2 од КЗ за настан случен на 27.12.2024. Исто така, извршени се и проверки во евиденциите во СВР Велес во врска со пријави од И.С. против Р.К., при што евидентирано е следното:

-На 9.2.2025 во 19:20 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.

-На 22.5.2025 во 14:30 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје, пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.

-На 5.6.2025 во 17 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје, пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.

Практично, со овие пбјави МВР сака да си создаде алиби дека постапувало, и уште повеќе дека и убиецот ја пријавувал убиената – без да се каже за што. Притоа пишувал графити со навредлива содржина, палел, се заканувал и лепел УСБ и сетоа тоа не било доволно да ја заштитат убиената, надвор од бирократеско правење записник. 

Јавноста од вчера е згрозена од убиството и реакциите се бројни, со општ заклучок дека жените немаат заштита од полицијата. реагираше и СДСМ.  Даниела Колева, претседателка на Форумот на жени, побара да се повика на одговорност полицијата.

-Двојното убиство во Велес е страшна трагедија, но уште пострашно е што денес зборуваме за животи што можеле да бидат спасени.Овој случај е јасен доказ за системски колапс на ВМРО-ДПМНЕ и за институционалната незаинтересираност за граѓаните и заштита на жртвите на семејно насилство. Полицијата на Тошковски и Центарот за социјална работа не само што не си ја завршија работата, со својата негрижа овозможија насилството да ескалира до убиство.

Сега веќе убиената Росица барала помош кога била тепана, кога имала закани, барала помош кога и била запалена колата. Ама никој ништо не презeл. Полицијата на Тошковски била алармирана со повеќе пријави за закани, за физички напади, за палење на возилото и кражба. Над 70 пати. Ама, со прст не мрднале. Не издале забрана за приближување, не спровеле постапка, не обезбедиле заштитни мерки. Ништо. Тоа е пропуст кој денес значи два загубени животи. За ова одговорноста мора да има и да почне од првите луѓе на СВР Велес.

Понатаму, Центарот за социјална работа не понудил никаква помош на жртвата, не спровел проценка на ризик, не ја сместил во безбедна куќа. Ја оставиле сама и незаштитена, иако опасноста била очигледна. Насилникот не бил третиран како високоризично лице иако заканите биле повторувани и сериозни.

Ова е суровата реалност во Македонија денеска со ВМРО-ДПМНЕ. Институциите што треба да ги штитат граѓаните, жените потфрлиле. Нивното молчење, нивната инертност и некоординираност ја чинеа Македонија уште еден фемицид. Оваа трагедија е институционален срам и мора да има одговорност. Бараме итна ревизија на случајот, одговорност и санкции за сите службениците кои не постапиле.За живот се работи. Одговорност мора да им, порача Колева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Царината заплени 312 пури вредни 4.000 евра на Табановце –

10/06/2026
Македонија

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026
Македонија

ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ НА ПРОТЕСТ: Германски институции ги гонат газдите за

09/06/2026
Македонија

Богојески: Тргувам со биткоини на светски берзи, македонската е намерно

09/06/2026
Македонија

Си ја пријавил дека ги оставала децата да спијат во

09/06/2026
Македонија

Николовски: Власта ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а денес немаат

09/06/2026
Македонија

Богојески: Македонија е во банкарско ропство на монополи, решението е

09/06/2026
Македонија

НИКОЛОВСКИ ПРЕД ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Земјоделството е во колапс, соработниците на Трипуновски

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43679
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Царината заплени 312 пури вредни 4.000 евра на Табановце – поднесена кривична пријава

10/06/2026

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026

Скопските пожарникари ќе добијат нов, современ објект. Со усвоениот ребаланс на Буџетот, на денешната седница на Советот на Град Скопје

ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ НА ПРОТЕСТ: Германски институции ги гонат газдите за долг од 13 милиони денари,

09/06/2026

Над 100 текстилни работнички и работници од конфекциите „Фермактекс“ и „Европа Фешн“ попладнево излегоа на масовен протест во Штип, револтирани

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy