Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО на Македонска филхармонија: Да се најде друго просторно сместување на новоформираната институција Џез оркестар
Македонија

СО на Македонска филхармонија: Да се најде друго просторно сместување на новоформираната институција Џез оркестар

06/05/2023

AA

СО Македонска филхармонија при СКРМ утрово порачуваат да се најде друго просторно сместување на новоформираната институција Џез оркестар.

„Поради „нероден Петко“ Министерството за култура и направи „бесилка“ на Филхармонија

Министерството за култура повторно излегува со соопштенија со кои продолжува да шири лаги и дезинформации во јавноста.

Министерството за култура не работи на решение од минатата недела, туку се заложи дека ќе го реши проблемот уште на првата средба со министерката Бисера Стојчевска Костадиновска, пред месец и половина, откако беше донесена одлуката за новоформираната институција.

Во првичната одлука за формирање на новата институција, испратена до медиумите, Министерството за култура информираше дека новата институција времено ќе биде сместена во објектот на Филхармонија, но дека воедно ќе ја користи и сцената на Националната опера и балет.

Го прашуваме Министерството за култура, зошто во елаборатот, покрај објектот на Филхармонија не е наведена и Националната Опера и Балет како одличен простор за работа?

Токму тој аспект од елаборатот во кој како единствена опција за работа на Џез оркестарот е ставен објектот на Филхармонија сам по себе кажува каква била намерата на Министерството за култура.

Ги потсетуваме, уште еднаш, иако кажавме безброј пати пати досега – бараме да се смени делот во образложението од одлуката во кој објектот на Филхармонија е наведен како „времено“ просторно сместување на Џез оркестарот и да и се најде друго просторно сместување на новата институција. Привремено сместување на втора институција под кровот на објектот на Филхармонија, како што веќе укажавме и ние, но и голем дел од стручната и пошироката јавност ќе направи повеќе штета, отколку корист.

Очигледно на Министерството за култура не му значат ништо мислењата на еден Симон Трпчески, или пак на диригенти како Јерухам Шаровски (кој соработувал со славниот Лорин Мазел)… Ниту на многу други истакнати личности од стручната фела од Македонија и од странство кои им дадоа безрезервна подршка на филхармоничарите во нивната битка да си го зачуваат својот работен простор и втор дом.

Истите тие експерти од различни сегменти во областа на музиката, Министерството за култура требаше да ги исконтактира кога го правеше елаборатот и донесе одлука за формирање на нова институција без никаква јавна расправа и дебата, туку зад затворени врати.

Ова не е првпат Министерството за култура да ги обвинува вработените во најстарата културна институција во земјата дека лажат и од таму продолжуваат на ист начин како и досега да го рушат интегритетот и реномето на институцијата која треба да ја заштитат. Наместо да решаваат проблеми и да креираат здрава културна политика, тие на сметка на новородената институција, ја уништуваат традицијата макотрпно градена од генерации македонски музичари и творци.

Поради “нероден Петко” како што ја нарекоа новата институција во последното соопштение до јавноста, Министерството за култура сака да и направи “бесилка” на Македонската филхармонија која следната година слави 80 години од формирањето и е една од најстарите институции во земјата.

Со чување и унапредување на македонскиот јазик го чуваме нашиот дом и идентитет, а со грижа и заштитнички однос кон најзначајните институции од културата покажуваме висока свест и почит кон традицијата создавана со децении. Министерството за култура, за жал, со својот несериозен однос кон нашата институција го потврди токму спротивното.

И на крај, оркестарот на Филхармонија многу често изведува дела од македонски композитори, тоа го знае јавноста, и нашата верна публика. Тој податок ќе и беше познат и на министерката за култура, доколку присуствуваше барем на некој од нашите концерти“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45926
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ Обвинителството бара да му биде

01/10/2026

Нова истрага е отворена против Дејан Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, овојпат за давање поткуп на службено лице

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски прашува зошто уште ние треба

01/10/2026

Често на состаноците во НАТО кажувам дека, ако ние сме таму, во тоа семејство, во таа унија, рамноправни и еднакви,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy