„СО ГИМ СКОРО ЦЕЛОТО РАБОТЕЊЕ Е НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА“: Александар Стефанов, сопственик на Карпош АД Скопје и ГИМ во „Бизнис муабети“ на Фактор
Александар Стефанов, сопственик на фабрика Карпош АД Скопје и ГИМ мајка фирма, се запишува во листата гости во „Бизнис муабети“ на Фактор.мк.
Фабриката Карпош АД Скопје годишно прави приход од скоро милијарда денари. Имаат 350 вработени, но Стефанов вели дека поради недостаток на работна сила принуден е да носи работници од Бангладеш.
Тој е и еден од креаторите на комплексот Александрија во Ѓорче Петров.
Со компанијата ГИМ (Градежен институт Македонија) активни се и на пазарите надвор од Македонија, во Србија, Република Српска, Бугарија и уште неколку други држави.
Истовремено е и претседател на РК Бутел и главен спонзор со околу 300 илјади евра годишно.
Од неодамна имаат проект и во Романија, но за што точно станува збор слушнете во видеото.
Љубител е на убави часовници, скапи автомобили не му се фах.
Целото интервју со Александар Стефанов и колегата Мишко Иванов гледајте го „Бизнис муабети“ утре на Фактор.мк.