
Со дронови се трага вечерва во Скопје по загадувачи
Вечерва во Скопје продолжува потрагата по изворот на непријатната миризба што деновиве ги вознемирува граѓаните.
Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во акцијата се користат неколку дронови, како и патроли на терен.
„Дроновите се на МВР или на друга институција, а во изминатиот период вршиме засилена контрола за да се открие точниот извор на загадувањето“, изјави Ангелов.
Надлежните очекуваат со оваа метода полесно да се лоцира местото од каде потекнува загадувањето на воздухот и миризбата која во последните денови предизвикува загриженост кај скопјани.