Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ниту една повеќе“ на протест пред Собранието: Жртвите пријавувале, но нивните пријави не биле ставени во системот за правда кој треба да ги штити!
Македонија

„Ниту една повеќе“ на протест пред Собранието: Жртвите пријавувале, но нивните пријави не биле ставени во системот за правда кој треба да ги штити!

25/09/2025

AA

Денеска попладне улиците низ Скопје беа исполнети со граѓани кои се собраа на протест во знак на солидарност и осуда за фемицидот што се случи во Велес. Организатор на протестот е движењето „Ниту една повеќе“, кое го повикува општеството и институциите да се справат со родово базираното насилство со максимална сериозност.

Сара Миленковска, претставничка на движењето, истакна дека случајот во Велес не е изолиран инцидент.

„Ова не се случува само еден или двапати месечно, туку секојдневно. Во нашата работа гледаме случаи каде што жртвите со месеци и години предупредувале, а нивните пријави не биле адресирани како што треба. Случаите не се ставаат во системот за правда кој треба да ги штити,“ нагласи Миленковска.

Таа посочи дека во јавноста се гледа тенденција за систематизација на проблемот и недостаток на осуда.

„Политичарите ќе речат дека е мал проблем и топката ќе ја префрлат врз полицијата или судовите, но секој од нас е учесник. Нормализирањето на насилството само придонесува насилниците кои живеат меѓу нас да не чувствуваат никаква одговорност и никаков страв,“ додаде таа.

Протестот продолжи со скандирања и транспаренти со пораки за правда, заштита и нулта толеранција кон родово базираното насилство. Организаторите апелираа институциите да преземат конкретни мерки за да се спречат нови трагедии и да се осигура дека секоја пријава за насилство се третира сериозно и правично.

Ова беше уште еден глас од улиците на Скопје за промена и за одбрана на правата на жените – со јасна порака: „Ниту една повеќе“.

Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy