Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО 81 ГЛАС УСВОЕНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ, СДСМ И ДЕЛ ОД ДУИ ГЛАСАА ПРОТИВ „Сејф сити“ ќе почне да се применува од февруари
Македонија

СО 81 ГЛАС УСВОЕНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ, СДСМ И ДЕЛ ОД ДУИ ГЛАСАА ПРОТИВ „Сејф сити“ ќе почне да се применува од февруари

23/01/2026

AA

Собранието денеска со 81 глас „за“, 19 „против“ и без воздржани ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за прекршоците, по скратена постапка. При гласањето беа присутни 100 пратеници, 20 беа отсутни.

За усвојување на законските измени беше потребно гласање од двотретинско мнозинство.

Со ова, се отвора патот да се стави во функција системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари.

По барање на координаторката на Европскиот фронт, Рина Ајдари, гласањето беше повторено, односно секој пратеник гласаше поединечно.

Законот го поддржаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ, Левица и дел од пратениците на ДУИ, односно Европскиот фронт. Против гласаа сите присутни пратеници од СДСМ, како и дел од пратениците на Европскиот фронт, меѓу кои Блерим Беџити, Арбана Пашоли, Садик Сулејмани, Талат Џафери и Ријад Шакири.

Законот предвидува зајакнување на безбедноста во сообраќајот преку воведување посебна постапка за прекршоци утврдени со помош на технички средства и уреди за снимање. Брзото и ефикасно санкционирање на прекршителите и изрекување санкции, се очекува да влијае на генерална превенција во областа на безбедноста на сообраќајот.

За сторените прекршоци возачите ќе добиваат записник и казна по СМС и по мејл.

Во првата фаза системот ќе регистрира прекршоци како: брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајната дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза ќе се прошири спектарот на прекршоци што ќе се казнува на овој начин.

Кога системот ќе биде целосно пуштен во употреба, сопствениците на возилата за кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и е-пошта со линк за преземање на записник со платен налог. Прекршоците ќе може да се платат електронски, а при навремено плаќање нема да се наплаќаат дополнителни трошоци. За одредени прекршоци за кои е пропишана и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

Камерите на „Сејф сити“ засега се инсталирани во Скопје, Куманово и во Тетово, како и на делови од автопатите на Коридор 8 и на Коридор 10.

Министерстото за внаѕрешни работи најави дека во текот на оваа година целата територија на Македонија ќе биде покриена со камерите на „Сејф сити“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44700
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

27/07/2026

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy