
Снег падна и во Бугарија
Метеорологот Славчо Попоски вели дека студениот бран кој го зафати целиот Балкан, и донесе невообичаено ниски температури на воздухот, освен што донесе снежни врнежи во Алпскиот регион, донесе снежна бајка и на планинските врвови во соседна Бугарија.
Снегот паѓаше на врвот Мусала, на планината Рила во Бугарија на надморска височина од 2.925 метри.
„Регионот беше погоден од силно невреме изминатиот период, а особено во Словенија невремето предизвика катастрофални поплави, а одзема и неколку човечки животи. Од наша страна најавено беше дека ќе има големо заладување на времето, па и снег на високите места, а во деновите пред нас очекуваме пораст на температурите и враќање на летото, сепак екстремно високи температури не се очекуваат“, вели Попоски.
Инаку, ова лето снег падна и во делови од Словенија.
