Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче со остри критики: Власта во Македонија наликува на режимите во Иран и Венецуела
Македонија

Филипче со остри критики: Власта во Македонија наликува на режимите во Иран и Венецуела

01/03/2026

AA

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни обвинувања до актуелната власт, споредувајќи го моделот на владеење во земјата со авторитарните режими на Иран и Венецуела. Тој оцени дека Македонија се движи во опасна насока на институционално разградување и тоталитаризам.

Коментирајќи ги глобалните случувања, Филипче изрази разбирање за акциите на САД и Израел кон Иран, повлекувајќи паралела со карактеристиките на домашната власт.

„Тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на народот во Венецуела. Очекувам деескалација, но нашиот стратешки партнер САД треба да знае дека кај нас има власт со многу слични карактеристики како оние со кои тие се соочуваат на глобално ниво“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ директно ја обвини Владата за одржување сомнителни меѓународни контакти и целосна контрола врз правосудниот систем:

Филипче посочи дека вицепремиерот (Иван Стоилковиќ) не ги крие своите контакти со структури блиски до Владимир Путин, како што се „Ноќните волци“.

Според него, премиерот „директно преку телевизија именува и разрешува обвинители“, додека портпаролите на власта објавуваат судски одлуки пред тие да бидат официјално донесени.

Завршувајќи го своето обраќање, лидерот на опозицијата упати лична квалификација до раководството на извршната власт.

„Имаме работа со терминално неспособен премиер и терминално неспособна влада, кои се грижат исклучиво за сопствените интереси додека ја задушуваат слободата на говорот“, истакна Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45586
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота ќе започне да функционира и на подрачјето на СВР Велес, со што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy