Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЛОВЕНЕЧКИ ТУРИСТИ ПО ЦЕЛО ТЕЛО СЕ ИСКАСАНИ ОД ИНСЕКТИ: Лекарка се сомнева дека е песочна мушичка која пренесува лишманиоза
Регион

СЛОВЕНЕЧКИ ТУРИСТИ ПО ЦЕЛО ТЕЛО СЕ ИСКАСАНИ ОД ИНСЕКТИ: Лекарка се сомнева дека е песочна мушичка која пренесува лишманиоза

13/08/2024

AA

Група
словенечки туристи забележале необични дамки на нивните тела додека
престојувале во кампот Муртер на
малиот остров во Јадранското Море меѓу Задар и Шибеник. Иако некои
веднаш помислиле дека се работи за бубачки, матичната лекарка на една од жените
кои ги испратиле фотографиите на словенечки 24ur.com се сомнева дека виновникот
може да биде песочна мушичка која пренесува лишманиоза.

Загрижените словенечки туристи од Муртер ги споделија своите
искуства во група на Фејсбук, каде
објавија бројнио фотографии. Според нив, дамките кои се појавиле не само
што се шират и отекуваат, туку и страшно печат и неверојатно чешаат.

Еден од членовите на групата рекол дека уште од првиот ден
нешто го мачи во изнајмената приколка. Отпрвин мислеле дека се работи за бубачки,
па постелнината ја испрале темелно, ја третирале со пареа и користеле разни
средства за заштита од инсекти. Но, ништо од тоа не помогнало, бидејќи каснувањата не стивнувале, напротив, како што пишуваат, ги имало се повеќе, па дамките почнале да се шират.

Семејството
морале да побара помош во блиската болница каде им препишале антибиотици
и антихистаминици и купиле
крема која требало да помогне.

Imamo tukaj mogoče zdravnika, ki bi znal prepoznati te pike. Dogaja se v kampu na otoku Murter in imamo več primerov. Piki bolijo, pečejo in srbijo, pri zdravniku so dobili antibiotik, antihistaminik in injekcijo. Nekateri omenjajo peščeno muho. pic.twitter.com/4TM2YQteaP

— Avtokampi.si (@Avtokampi) August 12, 2024

„Во четвртокот и пишав на докторката, таа беше единствената
што рече дека можеби е „песочна мушичка““, напиша таа, но објасни дека дијагнозата не е потврдена, дека
засега се само шпекулации.

„Го завршивме одморот
и се вративме дома“

Слични дамки добиле и уште неколку туристи во околината. Дури ни репелентите не помогнаа.
Бидејќи ситуацијата била неподнослива, и тие предвреме го завршиле одморот.

„Поминав
дел од ноќта во итната медицинска помош, примајќи интравенски лекови. Дамките
болат, чешаат, горат. Ментално и физички сум исцрпена”, напишала една
Словенка и објаснила како дошла до заклучок дека единственото решение е да се
враќаат дома, иако им било тешко бидејќи се на долгоочекуваниот и платен одмор.

Жената раскажала и како само еднаш почувствувала печење и
забележала мала проѕирна „мушичка“ која и излетала од ногата.

Во коментар се огласија уште неколку туристи кои имаат слични
искуства. „Утре одам повторно на лекар, закажуваме тест за лишманиоза“, вели
еден соговорник на словенечкиот портал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над

22/07/2026
Македонија

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии

22/07/2026
Македонија

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем

22/07/2026
Македонија

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кризниот штаб на Куманово во вонредна координација: Невремето откорна над 100 дрвја, штетите се огромни

22/07/2026

Кризниот штаб на Општина Куманово одржа итна седница по силното невреме кое вчера го зафати градот и околината. Сите општински

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии за пријавување на штетите

22/07/2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем економски развој

22/07/2026

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска официјално отвори своја оперативна база на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Со отворањето на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy