Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКРМ: Започна исплатата на платите во културата, но НЕ во согласност со Колективните договори, туку по насока на министерството за култура
Македонија

СКРМ: Започна исплатата на платите во културата, но НЕ во согласност со Колективните договори, туку по насока на министерството за култура

25/04/2025

AA

Од Синдикатот на Културата денеска преку соопштение информираат дека започнала исплатата на платите во културата, но НЕ во согласност со Колективните договори, туку по насока на министерството за култура, а по препорака од министерството за финансии со некаква нова не правна формула.

„Но посочуваме дека таквата плата добиена по некакво произволно толкување на колективните договори е со грешки.

Кој “работи” тој и греши, но кој ќе ги сноси последиците?

Изработката на решенија за плата и самата пресметка, е направена под притисок, првично врз директорите, а подоцна и врз вработените од институциите кои се задолжени за изготвување на платите.

Тие под притисок на раководните лица беа принудени да изработат нешто за што сметаа дека не е по закон.

Па така по првиот испратен допис со упатства како да биде изработена платата, БЕЗ запазена правна процедура изработил, одобрил, контролирал и потпишал (нешто што се јавува во сите дописи од министерството за култура), голем дел од директорите на институциите знаејќи дека ако постапат по истиот ќе подлежат на можни судски процедури, не постапија по истите, за што беа вербално напаѓани и укорени од страна на Министерството. По кратко време директорите на националните институции се искординираа меѓу себе решавајќи да постапат по насоките од Министерството за култура. Во неколку институции следуваше враќање на вработените по работното време или држење на вработените како “заложници” доцна во ноќта да изработуваат нови решенија и плата. Па така под притисок и со противправна постапка стаса и фамозната мартовската плата во културата.

Останува нејасно како вработените земаа плата, без претходно дадени нови решенија и без истите да станат комплетно правосилни.

Во целиот овој хаос просто и се заборави на институциите кои се под локална власт, особено оние под градот Скопје.

Таму пак воопшто и не се изготвуваат решенија, а не се ни прават пресметки за плата.

Кога овие вработени ќе ја земат мартовската плата?

Оваа мартовска плата која некаде пристигна некаде не, стаса заедно и со разно-разни толкувања и изјави на сите засегнати страни.

Па така на седница на парламентот премиерот Христијан Мицковски изнесе став во врска со колективниот договор за култура и исплатата на платите.

Се прашуваме кој тоа го лиферува премиерот со таквите полувистини, правејќи му штета нему и на оваа Влада.

Или пак, ова е добро смислена акција за фрлање кал во очите на јавноста и купување време за следните маневри за уништување на културата која ете 30 и кусур години жилаво се држи и не попушта да биде потчинета, замолкната, збришана…

Колективниот договор е донесен во целосно правна постапка и со одобрување на Владата во чиј состав е и министерството за финансии и е објавен во Службен весник бр. 10/2020 од 15.01.2020 година, а не во “Развигорче”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Еден поротник си заминал,

21/09/2026

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за Tешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот и трагедијата во кочанската

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy